Јавното извлекување на лицата кои се стекнаа со правото на надомест на дел од трошоците направени за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во своето домаќинство се одржа во саботата во Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Од буџетот и годинава беа издвоени шест милиони денари за поврат на дел од потрошените средства за обезбедување на сончеви колектори до 30 отсто, но не повеќе од 300 евра во денарска противвредност по домаќинство. Министерот за економија Беким Незири ги поздрави граѓаните присутни на јавното извлекување, истакнувајќи дека подобрувањето на квалитетот на животот на своите граѓани е приоритет кој се применува и во енергетскиот сектор, преку политики кои овозможуваат промоција на обновливите извори на енергија и унапредување на енергетската ефикасност.
Јавното извлекување на лицата кои се стекнаа со правото на надомест на дел од трошоците направени за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во своето домаќинство се одржа во саботата во Спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Од буџетот и годинава беа издвоени шест милиони денари за поврат на дел од потрошените средства за обезбедување на сончеви колектори до 30 отсто, но не повеќе од 300 евра во денарска противвредност по домаќинство.
Министерот за економија Беким Незири ги поздрави граѓаните присутни на јавното извлекување, истакнувајќи дека подобрувањето на квалитетот на животот на своите граѓани е приоритет кој се применува и во енергетскиот сектор, преку политики кои овозможуваат промоција на обновливите извори на енергија и унапредување на енергетската ефикасност.
„Земајќи ги предвид климатските карактеристики во Македонија, а со цел стимулирање на користењето на сончевата енергија, Министерството за економија во неколку наврати, успешно ги спроведе активностите за реализација на стимулативните мерки, преку надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинства. Досега вкупно се субвенционирани 3.021 домаќинство, а исплатени се вкупно 42.900.000 денари. Годинава, пак, согласно Програмата за надоместување на дел од трошоците за купување и вградување на сончеви термални колекторски системи во домаќинствата за 2015 година, до крајниот рок предвиден со огласот, пристигнаа 2.484 барања“, рече Незири
Тој се осврна и на придобивките од реализацијата на оваа мерка – заштеда од околу 2.400 kWh годишно за едно домаќинство со вграден сончев термален колекторски систем, за негово користење од околу 8 месеци во текот на годината.
„Согласно последната цена на електричната енергија, финансиските заштеди по едно домаќинство на годишно ниво изнесуваат околу 13.000 денари. Едновремено, значително се влијае врз подигање на јавната свест за позитивните ефекти од искористување на сончевата енергија во домаќинствата, промоција на обновливите извори на енергија и заштита на животната средина“, потенцираше Незири.