Македонското индустриско производство во минатиот месец пораснало за 13,1 отсто во споредба со истиот месец лани, што е највисок пораст регистриран во изминатиот период од годинава, објави вчера Државниот завод за статистика. Или, растот на индустријата во јануари изнесуваше 1,1 отсто, а во февруари 3,1. Раст беше регистриран и во септември за 8,6 и во август, за 12,7 отсто. Додека пад на индустриското беше регистриран во март, за 0,6 отсто, во април за 0,9 отсто, во мај за 5 отсто, како и во јули кога индустриското падна за 2,7 проценти во споредба со истиот месец минатата година. Според последните податоците на Државниот завод за статистика, индустриското во октомври најмногу скокнало кај преработките на дрво и на производи од дрво и плута. Растот во оваа дејност изнесува 100,3 отсто во споредба со истиот месец минатата година.
Македонското индустриско производство во минатиот месец пораснало за 13,1 отсто во споредба со истиот месец лани, што е највисок пораст регистриран во изминатиот период од годинава, објави вчера Државниот завод за статистика. Или, растот на индустријата во јануари изнесуваше 1,1 отсто, а во февруари 3,1. Раст беше регистриран и во септември за 8,6 и во август, за 12,7 отсто. Додека пад на индустриското беше регистриран во март, за 0,6 отсто, во април за 0,9 отсто, во мај за 5 отсто, како и во јули кога индустриското падна за 2,7 проценти во споредба со истиот месец минатата година.
Според последните податоците на Државниот завод за статистика, индустриското во октомври најмногу скокнало кај преработките на дрво и на производи од дрво и плута. Растот во оваа дејност изнесува 100,3 отсто во споредба со истиот месец минатата година. Значителен пораст од 73,1 проценти имало кај производството на облека, потоа кај текстилот за 36,7, кај капиталните производи за 27,7, кај производството на фабрикувани метални производи за 26,2 отсто, кај нетрајните производи за широка потрошувачка за 23,1 и кај преработувачката индустрија која регистрирала зголемено производство за 18,2 отсто во споредба со истиот месец лани. Значително се зголемило и производството на моторни возила, приколки и полуприколки за 70,2 проценти во споредба со октомври 2014 година. Според статистиката, индустриското во десетте месеци од годинава е поголемо за 3,6 отсто во споредба со десетте месеци од 2014 година.
За разлика од овие позитивни резултати, негативни се податоците во секторот снабдување со електрична енергија, гас и пареа каде што падот на производството во октомври годинава изнесува 14,4 отсто во однос на истиот месец лани. Намалено е и производството на хемикалии и хемиски производи за 9,5 отсто.
Инаку, иако индустријата за преработка на дрво и производи од дрво во континуитет бележи добри производни резултати, според податоците од Стопанската комора на Македонија, не се поволни состојбите кај оваа индустрија во надворешно трговската размена. Во 2014 година увозот на преработките од дрво и на производи од дрво имал вредност од 39,2 милиони долари, додека извозот бил 5,2 милиони долари, што покажува изразен билансен дефицит во надворешнотрговската размена со преработките од дрво.
„Ова укажува на ниското користење на домашниот расположив потенцијал во шумарството. Оценка е дека увозот и натаму ќе го истиснува домашниот производител од пазарот. Оттаму, императив се услови за обезбедување повисок степен на конкурентност на домашните производи од оваа гранка, со дефинирање мерки и активности за позитивна динамика“, информираат од Комората.