Индексот на индустриското производство во декември 2015 година во однос на истиот месец од претходната година се зголемил за 10,5 отсто, објави Државниот завод за статистика. Индустриското производство во цела 2015 година бележи зголемување од 4,9 отсто , во однос на 2014 година. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2015 година, во однос на декември 2014 година, бележи пораст од 4,9 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 11,7 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 12,1 отсто.
Индексот на индустриското производство во декември 2015 година во однос на истиот месец од претходната година се зголемил за 10,5 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Индустриското производство во цела 2015 година бележи зголемување од 4,9 отсто, во однос на 2014 година.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2015 година, во однос на декември 2014 година, бележи пораст од 4,9 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 11,7 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 12,1 отсто.
Според главните индустриски групи, производството во декември 2015 година, во однос на декември 2014 година, бележи пораст кај Енергија за 19,7 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 6,7 отсто, Капитални производи за 16,3 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 1,5 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 10,7 отсто.