Индексот на индустриското производство во ноември бележи пораст од 11,5 отсто во однос на истиот период лани објави во понеделникот Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во бележи опаѓање од 1,0 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 17,5 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 21,3 отсто. Според главните индустриски групи, производството во ноември бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1,4%, Капитални производи за 34, 2отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 11,5 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 22,5 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 16,9 отсто.
Индексот на индустриското производство во ноември бележи пораст од 11,5 отсто во однос на истиот период лани објави во понеделникот Државниот завод за статистика.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во бележи опаѓање од 1,0%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 17,5 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 21,3 отсто.
Според главните индустриски групи, производството во ноември бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1,4%, Капитални производи за 34,2%, Трајни производи за широка потрошувачка за 11,5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 22,5 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 16,9 отсто.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари - ноември 2015 година, во однос на истиот период лани изнесува 104,4 отсто.