Раст на извозот и увозот во првите 11 месеци од 2025 година

Bez autora
Jan 11 2026

Извозот на стоки од Република Северна Македонија во периодот јануари – ноември 2025 година достигнал вредност од 7 395.6 милиони евра, што претставува зголемување од 2.5 проценти во однос на истиот период лани.

Во исто време, увозот изнесувал 10 509.9 милиони евра и е зголемен за 3.8 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. Податоците за структурата на извозот покажуваат дека најголемо учество имаат катализаторите на носачи со благородни метали и нивни соединенија, сетовите на проводници за палење за возила, авиони и бродови, деловите за седишта од подгрупата 821.1, како и други катализатори на носачи.

Кај увозот доминираат нафтените масла добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивните легури, платината и легурите на платина, како и моторните возила за превоз на патници. Во анализираниот период, најголем дел од надворешнотрговската размена е остварен со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои заедно учествуваат со 47.7 проценти од вкупниот обем. Трговијата со земјите членки на Европската Унија сочинува 59.3 проценти од вкупната размена.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik