Расте бројот на патници на двата аеродрома

Bez autora
Aug 11 2015

Продолжува да се зголемува бројот на превезени патници на двата домашни аеродроми. Во јули годинава е забележан рекорден број на превезени патници, односно раст од 28 отсто во однос на истиот месец лани, информираат од „ТАВ Македонија“. Во периодот јануари-јули 2015 година, бројот на патници е зголемен за 17 отсто, од 704.563 патници во седумте месеци од 2014 година, на 823.492 патника во истиот период оваа година, велат од „ТАВ Македонија“. На годишно ниво растот е над 75 отсто за двата аеродрома. Турскиот холдинг го презеде управувањето со аеродромите во 2010 година и оттогаш бројот на патници на скопскиот аеродром е зголемен за 76,7 отсто, или од 684.905 патници во 2010 на 1.210.509 патници во 2014 година.

Продолжува да се зголемува бројот на превезени патници на двата домашни аеродроми. Во јули годинава е забележан рекорден број на превезени патници, односно раст од 28 отсто во однос на истиот месец лани, информираат од „ТАВ Македонија“.

„Во периодот јануари-јули 2015 година, бројот на патници е зголемен за 17 отсто, од 704.563 патници во седумте месеци од 2014 година, на 823.492 патника во истиот период оваа година“, велат од „ТАВ Македонија“.

На годишно ниво растот е над 75 отсто за двата аеродрома. Турскиот холдинг го презеде управувањето со аеродромите во 2010 година и оттогаш бројот на патници на скопскиот аеродром е зголемен за 76,7 отсто, или од 684.905 патници во 2010 на 1.210.509 патници во 2014 година.

Во првите шест месеци од годинава имало вкупно 6.739 полетувања и слетувања на двата аеродрома. Најфреквентна дестинација е Истанбул со учество од 15,6 отсто во вкупниот сообраќај, а потоа следуваат Цирих, Виена, Базел, Малме и Лондон.

Од вкупниот број патници, 56,6 отсто биле превезени со нискотарифните авиокомпании.

Скопскиот аеродром е во најдобрите 10 во Источна Европа, покажува истражувањето на реномираната британска организација „Скајтрекс“. Биле анкетирани повеќе од 13 милиони луѓе, кои требало да се одлучат меѓу 550 аеродроми поделени во различни категории. Во предвид биле земени сите аспекти, од пристигнувањето, трансферите, шопинг искуството до прашањата поврзани со безбедноста.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik