Во април Македонија ја посетиле 52.298 туристи што е зголемување за 17,6 проценти во споредба со истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика. Ноќевањата во април се зголемени за 10,3 отсто и изнесуваат 103. 727. Зголемување има кај бројот на странски туристи за 30,9 проценти, а намалување се бележи кај бројот на домашни туристи за 5,2 отсто. И ноќевањата на странските туристи се зголемени за 22,2 проценти, а на домашните туристи намалени за 5,1 процент. Во периодот јануари - април за 8,7 проценти е зголемен бројот на туристи и за 2,8 отсто бројот на ноќевањата. Зголемување има кај бројот на странските туристи, а намалување кај домашните туристи.
Во април Македонија ја посетиле 52.298 туристи што е зголемување за 17,6 проценти во споредба со истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика.
Ноќевањата во април се зголемени за 10,3 отсто и изнесуваат 103. 727. Зголемување има кај бројот на странски туристи за 30,9 проценти, а намалување се бележи кај бројот на домашни туристи за 5,2 отсто. И ноќевањата на странските туристи се зголемени за 22,2 проценти, а на домашните туристи намалени за 5,1 процент. Во периодот јануари - април за 8,7 проценти е зголемен бројот на туристи и за 2,8 отсто бројот на ноќевањата. Зголемување има кај бројот на странските туристи, а намалување кај домашните туристи.