За само еден месец бројот на нови должници кои се нашле на „ѕидот на срамот“ на Управата за јавни приходи се зголемил за 262 нови граѓани и компании. Ова го покажува најновата листа на даночната администрација, каде што бројот ја надминал „психолошката граница“ од пет илјади должници и се искачил на дури 5.011 даночни должници кои ги исполнуваат критериумите за да се најдат на овој непопуларен список. Управата за јавни приходи уште од јуни минатата година ги објавува овие листи, а нивната главна цел беше граѓаните и фирмите кои имаат големи неплатени долгови по основ на даноци и други давачки, да се засрамат поради тоа што ќе се најдат на увид на целата македонска јавност и така да бидат поттикнати да се раздолжат кон државата.
За само еден месец бројот на нови должници кои се нашле на „ѕидот на срамот“ на Управата за јавни приходи се зголемил за 262 нови граѓани и компании. Ова го покажува најновата листа на даночната администрација, каде што бројот ја надминал „психолошката граница“ од пет илјади должници и се искачил на дури 5.011 даночни должници кои ги исполнуваат критериумите за да се најдат на овој непопуларен список.
Управата за јавни приходи уште од јуни минатата година ги објавува овие листи, а нивната главна цел беше граѓаните и фирмите кои имаат големи неплатени долгови по основ на даноци и други давачки, да се засрамат поради тоа што ќе се најдат на увид на целата македонска јавност и така да бидат поттикнати да се раздолжат кон државата.
Но, и по поголем број листи, бројот на нови должници не само што не се намалува, туку и постојано оди по нагорна линија, а нема снижување ниту кај сумата на вкупниот даночен долг што го прикажува Управата. Она што уште повеќе загрижува е што од листата никако да се тргнат дел од јавните претпријатија, од кои некои се дури и во првите топ десет должници. Односно, излегува дека државата прво си должи на самата себе и не може да си се раздолжи по основ на даноци, па затоа и не би требало на овој начин да бидат „жигосувани“ и должниците од приватниот сектор.
Инаку, од вкупно 5.011 даночни должници на листата на УЈП, 3.755 се компании, а преостанатите 1.256 се граѓани и самостојни вршители на дејност, кои должат по основ на даноци, придонеси, акцизи и царини, што достасале до крајот на мај, а не се платени до крајот на август оваа година.
И овој пат првото место на списокот е резервирано за „Ел дон Кастилјо Ангел“ експорт-импорт, чиј долг изнесува 1.156.083.597 денари, или 18,8 милиони евра, на второ место со истиот долг е „Мотор коач индустрија“, исто како и третопозиционираната „Индустрија ел азтека“. Овие три компании се поврзани меѓу себе, на бизнисменот Ангел Кастилјо и тие се на првите три места уште од формирањето на листата па се' досега.
А веднаш на четврто место е „Македонија пат“, која во изминатиов период не само што не го намалува долгот за даноци, туку постојано го зголемува и тој во моментов е на ниво од 6,7 милиони евра. Кога почна да се објавува листата, од ова јавно претпријатие изјавуваа дека станува збор за наследени обврски, но времето покажува дека тие и во овој период постојано одат во нагорна линија.
Компанијата „Милдавет“, која должи 3,4 милиони евра, е на петто место.
Од другите јавни претпријатија, пак, ЈП „Македонска радио-телевизија“ има неплатен даночен долг од 1,8 милиони евра, а ЈП „Македонска радиодифузија“ должи за даноци 516 илјади евра.
На листата се и Ски-центар „Кожуф“, потоа дел од компаниите-загубари, односно „Еурокомпозит“ и ЕМО, има приватни телевизии, универзитети, Министерството за здравство, „Топлификација-одржување“, Македонска опера и балет, Агенција за цивилно воздухопловство, Здруженија на возачи, ЈП за погребални услуги, Општа болница Гостивар, Општина Охрид и други.
Управата за јавни приходи на оваа црна листа ги објавува имињата на компаниите кои должат над 300.000 денари, како и на физичките лица и самостојните вршители на дејност со долг повисок од 120.000 денари.