И се осигуруваш - и штедиш. Вака некако осигурителите во земјава што се занимаваат со животно осигурување го објаснуваат овој релативно најнов тип на осигурување, кој доживува најголем подем во земјава во последниве неколку години. Бруто-полисираната премија исплатена во класата животно осигурување минатата година пораснала најмногу во однос на другите видови, а најзначајно зголемување има и бројот на склучените договори, говорат податоците на Агенцијата за супервизија на осигурувањето. Стравувањата дека пензискиот систем е неодржлив на долг рок, па треба да се бараат алтернативни солуции ако некој сака и сигурна и поголема пензија, но и да си го обезбеди семејството, се дел од аргументацијата со која настапуваат осигурителите во привлекувањето клиенти за животното осигурување. Тие велат дека тоа е единствен сигурен облик за осигурување од ризици по животот, но и заштеда со највисоки стапки на принос во моментов.
И се осигуруваш - и штедиш. Вака некако осигурителите во земјава што се занимаваат со животно осигурување го објаснуваат овој релативно најнов тип на осигурување, кој доживува најголем подем во земјава во последниве неколку години. Бруто-полисираната премија исплатена во класата животно осигурување минатата година пораснала најмногу во однос на другите видови, а најзначајно зголемување има и бројот на склучените договори, говорат податоците на Агенцијата за супервизија на осигурувањето.
Стравувањата дека пензискиот систем е неодржлив на долг рок, па треба да се бараат алтернативни солуции ако некој сака и сигурна и поголема пензија, но и да си го обезбеди семејството, се дел од аргументацијата со која настапуваат осигурителите во привлекувањето клиенти за животното осигурување. Тие велат дека тоа е единствен сигурен облик за осигурување од ризици по животот, но и заштеда со највисоки стапки на принос во моментов. Или, животното осигурување, вклучувајќи ја во себе и штедната и осигурителната компонента, се смета како еден вид инвестиција во финансиски сигурна иднина.
„Пазарот за животно осигурување бележи двоцифрени стапки на раст од 2007 година па наваму. Потенцијалот кој го има ова пазарно подрачје го препознаа реномирани европски осигурители, што доведе до зголемена конкуренција, зголемена понуда на пазарот, а тоа секако води кон забрзан развој на овој сегмент од пазарот. Во континуитет се зголемува обемот на производи што се нудат, како и интересот и свеста на граѓаните“, велат од „Кроација осигурување - Живот“.
Од таму додаваат дека оваа компанија е примарно фокусирана кон пораст на свеста за потребата од животно осигурување на македонските граѓани, како и менување на културолошкиот пристап кон штедењето.
„Полисата за животното осигурување е уникатен финансиски производ кој нуди двојна поволност: истовремено осигурување и заштеда. Ако настане некој од ризиците кои ги покрива корисникот на осигурувањето ја добива целата осигурена сума заедно со дотогаш припишаната добивка. Доколку не настане осигурен случај, осигуреникот ги добива сите средства кои ги вложил зголемени за вкалкулираната камата која е моментално поголема од каматната стапка на девизните депозити во банките, но и зголемени за дивидендата, односно добивката која ја припишуваме секоја година“, потенцираат од „Кроација осигурување-живот“.
Преку овој инструмент осигуреникот обезбедува финансиска сигурност за најблиското семејство во случај на настанување на несреќен случај со фатални последици, смрт од болест или незгода.
Инаку, „Кроација осигурување-живот“ е прва компанија во земјава која доби лиценца за продажба на полиси за осигурување на живот.
Инаку, Македонија е на самиот праг на развојот на животното осигурување. Двоцифрените стапки на раст, забележани изминатите години се показател дека најголем дел од пазарот се' уште е неискористен. Во развиените земји во светот премијата за животно осигурување учествува со речиси 80 отсто во вкупната премија за осигурување, а учеството во вкупната осигурителна премија кај нас е 13 отсто, што говори дека најголем дел од пазарот е уште неискористен. Осигурителите очекуваат поуспешни години и вртоглаво растење на животното осигурување во следнава деценија во земјава.
Инаку, според Агенцијата за супервизија на осигурување, лани во земјава е остварена бруто-полисирана премија (БПП) во вкупен износ од 7,63 милијарди денари, што е пораст од 6,08 отсто во однос на 2013. Кај неживотно осигурување е остварена БПП во износ од 6,74 милијарди денари, односно пораст од 4,31 отсто. Додека, пак, кај осигурувањето на живот е остварена БПП во износ од 888 милиони денари, што претставува зголемување од дури 21,78 отсто во однос на минатата година.