Размената расте, се подобрува покриеноста на увозот со извоз

Bez autora
Feb 05 2017

Македонија лани разменила производи со странство во вкупен износ од 266,65 милијарди денари или 10,43 милијарди евра (11,54 милијарди долари), соопшти вчера Државниот завод за статистика. Обемот на надворешно трговската размена е за 6,8 отсто поголем од претходната 2015 година. Растат и извозот и увозот, со тоа што се подобрува и покриеноста на увозот со извоз, кој лани изнесуваше 70,8 отсто, односно 70,9 отсто, зависно од валутата во која што искажуваат податоците од размената со странство (во денари, односно во долари или во евра). Вредноста на извозот лани беше 4,32 милијарди евра (пораст од 6,9 отсто во споредба со 2015 година), а на увозот 6,10 милијарди евра, или за 5,7 отсто повеќе. Сепак, трговскиот дефицит на земјава и натаму е висок - лани тој достигнал 109,48 милијарди денари, односно 1,77 милијарди евра или 1,97 милијарди долари. За споредба, една година претходно, дефицитот изнесуваше 1,90 милијарди долари (1,72 милијарди евра), но покриеноста на увозот со извоз беше помала и изнесуваше 70,2 отсто.

Размената расте, се подобрува покриеноста на увозот со извозМакедонија лани разменила производи со странство во вкупен износ од 266,65 милијарди денари или 10,43 милијарди евра (11,54 милијарди долари), соопшти вчера Државниот завод за статистика. Обемот на надворешно трговската размена е за 6,8 отсто поголем од претходната 2015 година.

Растат и извозот и увозот, со тоа што се подобрува и покриеноста на увозот со извоз, кој лани изнесуваше 70,8 отсто, односно 70,9 отсто, зависно од валутата во која што искажуваат податоците од размената со странство (во денари, односно во долари или во евра). Вредноста на извозот лани беше 4,32 милијарди евра (пораст од 6,9 отсто во споредба со 2015 година), а на увозот 6,10 милијарди евра, или за 5,7 отсто повеќе.

Сепак, трговскиот дефицит на земјава и натаму е висок - лани тој достигнал 109,48 милијарди денари, односно 1,77 милијарди евра или 1,97 милијарди долари. За споредба, една година претходно, дефицитот изнесуваше 1,90 милијарди долари (1,72 милијарди евра), но покриеноста на увозот со извоз беше помала и изнесуваше 70,2 отсто.

Економистите позитивно го оценуваат порастот на надворешно трговската размена, но укажуваат дека македонското стопанство и натаму е увозно зависно.

И последните статистички податоци покажуваат дека во размената со странство доминираат производите кои се произведуваат во компаниите што работат во слободните економски зони. Така кај извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, потоа сетовите за проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови. Сепак, и покрај кризата, се држат и некои од традиционалните извозни производи, како фероникелот и облеката.

Слично е и кај увозот, каде што најмногу се застапени токму суровините за производство на најизвезуваните производи, односно платината и легурите на платина необработени или во прав, како и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Во врвот на најувезувани производи се и нафтените масла, маслата добиени од битуменозни минерали, но и електричната енергија.

Минатиот месец на економски форум во Австрија, министерот за финансии Кирил Миноски рече дека над 35 отсто од македонскиот извоз се продуцира во технолошко- индустриските зони, како и дека третина од извозот се машини и транспортни уреди, односно софистицирани производи.

Сепак, економистите во повеќе наврати укажаа дека иако постојат големи можности, се уште не задоволува поврзувањето на странските со домашните компании. Според процените на надлежните институции околу 500 македонски фирми активно работат со компаниите од слободните економски зони, и годишно инкасираат и до 50 милиони евра.

Како што покажува извештајот на Државниот завод за статистика за стоковната размена со странство според сектори (стандардна меѓународна трговска класификација), најголем пораст во извозот лани имало кај ставката стоки и трансакции некласирани на друго место (за 2,5 пати повеќе од 2015), потоа кај пијалаците и тутунот, за 22,5 отсто и кај машините и транспортните уреди за 20,5 отсто, пред хемиските и сродните производи каде што порастот изнесувал 12 отсто.

На страната на увозот, најголем пораст имало исто така кај ставката стоки и трансакции некласирани на друго место (за 61 отсто), потоа кај пијалаците и тутунот за 21 отсто, кај разните готови производи, за 15 отсто и кај машините и транспортните уреди за 11,7 отсто.

Една друга класификација на статистиката, на производи и дејности, најдиректно ја покажува кризата во која лани се најде рударството и вадењето камен, каде што на страната на извозот намалувањето било околу 12 отсто, а нај увозот уште повеќе - за 43 отсто.

Германија останува наш најголем надворешно трговски партнер, со која лани сме размениле производи во вредност од 2,7 милијарди евра, односно 3,07 милијарди долари, што е за 10,2 отсто повеќе во однос на претходната година. Уште позначајно е што со оваа земја Македонија остварува суфицит во размената. Така, лани Македонија извезла стоки во Германија во вредност од 2,03 милијарди евра или 2,24 милијарди долари, што е 13,3 отсто повеќе во однос на 2015 година. Во истиот период, од Германија биле увезени стоки во износ од 750,19 милиони евра (829,91 милиони долари), или за 2,7 отсто повеќе во споредба со 2015 година. Потоа следуваат Велика Британија, Србија, Грција и Италија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik