Во првите четири месеци од годинава Македонија остварила обем на размена со странство во вредност од 3,2 милијарди евра, што е за 6,3 отсто повеќе од истиот период лани, објави вчера Државниот завод за статистика. Покриеноста на увозот со извоз изнесувала 71,2 отсто, при што вкупната вредност на извозот на стоки изнесува 1,3 милијарди евра, што е повеќе за 9,3 отсто во однос на истиот период од претходната година. Додека вредноста на увезената стока изнесувала 1,9 милијарди евра, за 4,2 отсто повеќе од вредноста на увозот во првите четири месеци од минатата 2015 година.
Во првите четири месеци од годинава Македонија остварила обем на размена со странство во вредност од 3,2 милијарди евра, што е за 6,3 отсто повеќе од истиот период лани, објави вчера Државниот завод за статистика.
Покриеноста на увозот со извоз изнесувала 71,2 отсто, при што вкупната вредност на извозот на стоки изнесува 1,3 милијарди евра, што е повеќе за 9,3 отсто во однос на истиот период од претходната година.
Додека вредноста на увезената стока изнесувала 1,9 милијарди евра, за 4,2 отсто повеќе од вредноста на увозот во првите четири месеци од минатата 2015 година. Трговскиот дефицит во периодот јануари-април 2016 година изнесува 542 милиони евра, покажуваат најновите статистички податоци.
Во реализираната вкупна размена на стоки од 3,2 милијарди евра, обемот на лонот зафаќа околу 540 милиони евра и тој е помал за 3,3 отсто во споредба со истиот период лани, при што македонскиот извоз на лон-производите бил помал за 5 отсто во споредба со првите четири месеци минатата година, додека увозот на лонот бил зголемен за 4,2 отсто.
Од јануари до крајот на април од Македонија најмногу се извезле машини и транспортни уреди во вредност од 381 милион евра, потоа хемиски производи од 338 милиони евра и разни готови производи во вредност од 227 милиони евра.
А, Македонија најмногу тргувала со 28 земји, членки на ЕУ кои во вкупната размена од 3,2 милијарди евра учествуваат со околу 1 милијарда евра. Најголема размена сме оствариле Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија, традиционално, нашите најголеми трговски партнери.
Како и во претходните години, во вкупниот извоз најголемо било учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот како и облеката.
Во увозот, пак, најмногу биле застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.