Вкупната размена со странство во периодот јануари-април 2017 година изнесува 3,6 милијарди евра, објави денеска Државниот завод за статустика. При тоа, вредноста на увезената стока изнесува 2,1 милијарда евра што е за 11, 4 отсто повеќе од истит период лани, односно трговскиот дефицит е пресметан на 574 милиони евра, додека покриеноста на увозот со извоз била 72,7 отсто. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо било учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката. Во увозот, пак, најмногу биле застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.
Вкупната размена со странство во периодот јануари-април 2017 година изнесува 3,6 милијарди евра, објави денеска Државниот завод за статустика.
При тоа, вредноста на увезената стока изнесува 2,1 милијарда евра што е за 11, 4 отсто повеќе од истит период лани, односно трговскиот дефицит е пресметан на 574 милиони евра, додека покриеноста на увозот со извоз била 72,7 отсто.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо било учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката.
Во увозот, пак, најмногу биле застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.
Во периодот јануари-април 2017 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија, и Бугарија.