Размената со странство достигна 6,5 милијарди долари

Bez autora
Sep 05 2016

Во периодот јануари - јули годинава Македонија остварила размена со странство во вкупна вредност од 6,5 милијарди долари, што е повеќе во споредба со периодот јануари - јуни за околу 1 милијарда долари. При тоа, вредноста на македонскиот извоз изнесувала 2,7 милијарди долари, што е за 5,6 отсто повеќе од истиот период минатата година, објави вчера Државниот завод за статистика, ДЗС. Вредноста на увозот, пак, изнесувала 3,8 милијарди долари, што е за 4,4 проценти повеќе од истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит изнесува 1,1 милијарда долари што е повеќе во споредба со дефицитот остварен од јануари јуни, кога тој изнесуваше 978 милиони долари. Во вкупниот обем на размената лонот учествувал со 1,1 милијарда долари, додека извозот на лон-производите бил со вредност од 656 милиони долари.

Размената со странство достигна 6,5 милијарди долариВо периодот јануари - јули годинава Македонија остварила размена со странство во вкупна вредност од 6,5 милијарди долари, што е повеќе во споредба со периодот јануари - јуни за околу 1 милијарда долари. При тоа, вредноста на македонскиот извоз изнесувала 2,7 милијарди долари, што е за 5,6 отсто повеќе од истиот период минатата година, објави вчера Државниот завод за статистика, ДЗС.

Вредноста на увозот, пак, изнесувала 3,8 милијарди долари, што е за 4,4 проценти повеќе од истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит изнесува 1,1 милијарда долари што е повеќе во споредба со дефицитот остварен од јануари јуни, кога тој изнесуваше 978 милиони долари.

Во вкупниот обем на размената лонот учествувал со 1,1 милијарда долари, додека извозот на лон-производите бил со вредност од 656 милиони долари.

Инаку, од почетокот на јануари до крајот на јули оваа година од Македонија најмногу се извезле машини и транспортни уреди во вредност од 752 милиони долари, што е повеќе за 24,3 отсто во однос на истиот период минатата година. Потоа, се извезле храна и живи животни во вредност од 190 милиони долари, или за 11,7 отсто повеќе од седумте месеци во 2015 година, извозот на пијалаци и на тутун бил во вредност од 107 милиони долари, суровини сме извезле од 114 милиони долари, а разни готови производи од 472 милиони долари или за 3,1 отсто повеќе од првите седум месеци лани.

Како и во изминатите неколку години, статистиката повторно покажува дека најголем придонес за извозните резултати има работењето на странските компании во технолошко индустриските зони, а пред с` на „Џонсон контролс“ и на „Џонсон Мети“. Поточно, и во изминатите месеци во извозот најголемо било учеството на катализатори на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење за возила, авиони или бродови, фероникел и облека. Во увозот, пак, најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтени масла и масла добиени од битуменозни минерали (освен сурови), други метали од платинска група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.

Традиционално најголеми партнери на Македонија се Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Италија, со кои остваруваме најголем дел на стоковната размена.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik