
На вечерашната трибина организирана од СДСМ, посветена на енергетиката, директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, информираше дека готова е постапката за новите филтри во РЕК Битола.
Ковачевски рече дека како што претходно ветиле, изминатиот период посветено се работело на овој проблем и за прв па после 40 години од монтирањето филтри, РЕК Битола ќе има нови.
„Обезбедени се 32 милиони евра. Ќе се направи темелна реконструкција на трите филтрите и замена на вентилаторите. Тоа значи дека за првпат по инсталирањето на филтрите во 80-ите години, во 2020 година оваа година наесен ќе се врши целосна реконструкција на електростатскиот филтер на овој блок, 2021 и 2022 на другите два блока и од 2023 до 2025 ќе ја завршиме и втората фаза десулфуризацијата“, рече Ковачевски.