Рекорден број патници превезени на македонските аеродроми

Bez autora
Aug 07 2016

Рекордни 808.888 патници се превезени на двата македонски аеродрома во првите шест месеци од 2016 година, што претставува зголемување за истиот период од минатата 2015 година за околу 27 отсто, кога во првтоо полугодие беа превезени тогаш рекордни 637.683 патници, изјави во саботата владиниот портпарол, истакнувајќи дека овиуе податотци покажуваа оти владините проекти и мерки даваат резултати. На скопскиот аеродромот „Александар Велики“ во периодот од јануари до јуни 2016 година регистрирани се вкупно 759.244 патници, што во споредба со истиот период од минатата година кога биле превезени 610 511 патници, се забележува зголемување од над 24 отсто, додека, пак, на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ во првите шест месеци годинава, превезени се 49.644 патници, со што во споредба со истиот период од 2015 година кога биле превезени 27.172 патници, се бележи зголемување од над 82 проценти.

Рекорден број патници превезени на македонските аеродромиРекордни 808.888 патници се превезени на двата македонски аеродрома во првите шест месеци од 2016 година, што претставува зголемување за истиот период од минатата 2015 година за околу 27 отсто, кога во првтоо полугодие беа превезени тогаш рекордни 637.683 патници, изјави во саботата владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев истакнувајќи дека овиуе податотци покажуваа оти владините проекти и мерки даваат резултати.

На скопскиот аеродромот „Александар Велики“ во периодот од јануари до јуни 2016 година регистрирани се вкупно 759.244 патници, што во споредба со истиот период од минатата година кога биле превезени 610 511 патници, се забележува зголемување од над 24 отсто, додека, пак, на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ во првите шест месеци годинава, превезени се 49.644 патници, со што во споредба со истиот период од 2015 година кога биле превезени 27.172 патници, се бележи зголемување од над 82 проценти.

Позитивниот тренд на континуирано зголемување на бројот на патниците на македонските аеродроми и постојаното воспоставување на нови рекорди во овој сегмент во авио сообраќајот, според портпаролот на Владата, се должи на целокупен сет на проекти и мерки кои се превземаа изминатиов период од институциите и кои секоја година резултираат со нови позитивни резултати.

„Зголемениот број патници е добар момент од општествен и од економски аспекти. Тоа е резултат на добро осмислена и реализирана владина стратегија која првенствено се огледа преку изградбата на аеродромската инфраструктура, концесионирањето на македонските аеродроми и стопанисувањето со истите од страна на квалитетен субјект кој има длабок бекграунд во областа во која работи. Секако и на субвенциите кои ги даваме за реализација на евтините авиолетови дп 23 европски дестинации кои обезбедуваат мобилност за македонските граѓани и прилив на гости од страна во Македонија.

Тука е и субвенционирање за привлекување на странски туристи во Македонија кои имаат значителен дел во бројот на овие патници кои циркулираат. Зголемиот број патници директно поддржува развој на поголем број сектори како транспортот, угостителството, туризмот и останатите гранки кои имаат корелација со нив. Имајќи предвид дека ние имаме петгодишен договор кој трае до 2018 година со компанијата 'Виз-ер' за реализација на евтините авиолинии, како и тоа дека паралелно работиме на воспоставување други комерцијални летови, очекуваме дека овој позитивен тренд ќе продолжи и во иднина“, рече владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Позитивниот тренд на раст на бројот превезени патници на скопскиот и охридскиот аеродром изминатите години е многу голем. Во првите шест месеци во 2009 година, пред да се изградат новите аеродроми, бројот на превезени патници изнесувал 270.249, во 2011 – 337.888, во 2012 – 400.188, во 2013 – 469.006, за да во 2015 на двата аеродроми во првите шест месеци бидат превезени 637.683 патници.

Од Владата истакнуваат дека дополнителна важност за туризмот е и фактот што само во јуни годинава вкупниот број патници е зголемен за 22 отсто за разлика од јуни во 2015 година како и тоа што овие шест месеци за околу 20 илјади е зголемен бројот на патници на аеродромот во Охрид споредено со лани.

Паралелно со зголемувањето на бројот на превезените патници континуирано се зголемува и бројот на прелетите. На двата аеродроми во првите шест месеци годинава се реализирани 7.758 прелети што претставува значително зголемување со оглед на фактот што во истиот период лани беа реализирани 6.739 прелети.

Најзастапени дестинации според бројот на патници за првите шест месеци годинава се: Истанбул 12,8 отсто, Цирих - 10,4, Виена - 5,7, Малме - 5,1, Базел - 5,1 и Лондон 4,6 отсто.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik