Рекордно производство на струја во „Глобочица“ и „Шпиље“

Bez autora
Jan 24 2016

Хидроелектраните „Шпилје“ кај Дебар и „Глобочица“ кај Струга, кои го сочинуваат Црнодримскиот слив, лани забележале рекордно производство. Тоа е резултат на поволната хидрологија на ова сливно подрачје, кое го сочинуваат реките Радика и Црн Дрим, како и навреме и успешно реализираните ремонти и ревизии на елекромашинската опрема. Во ХЕЦ ’Шпилје‘ лани се произведени 314 милиони киловат-часови електрична енергија, што е за околу пет отсто повеќе од планот. Во ХЕЦ ’Глобочица‘ се произведени 227 милиони кв/ч, што е околу 17 отсто повеќе од годишниот план. Двата значајни електронерегетски објекти, кои работат главно според потребите на системот лани произвеле вкупно 542 милиони кв/ч.

Рекордно производство на струја во „Глобочица“ и „Шпиље“Хидроелектраните „Шпилје“ кај Дебар и „Глобочица“ кај Струга, кои го сочинуваат Црнодримскиот слив, лани забележале рекордно производство.

Тоа, како што велат надлежните во ЕЛЕМ, е резултат на поволната хидрологија на ова сливно подрачје, кое го сочинуваат реките Радика и Црн Дрим, како и навреме и успешно реализираните ремонти и ревизии на елекромашинската опрема.

„Во ХЕЦ ’Шпилје‘ лани се произведени 314 милиони киловат-часови електрична енергија, што е за околу пет отсто повеќе од планот. Во ХЕЦ ’Глобочица‘ се произведени 227 милиони кв/ч, што е околу 17 отсто повеќе од годишниот план. Двата значајни електронерегетски објекти, кои работат главно според потребите на системот лани произвеле вкупно 542 милиони кв/ч.“, велат во ЕЛЕМ.

Во акумулациите „Дебарско Езеро“ и „Глобочица“ има резерва на вода за производство на 22, односно 20 милиони киловат-часови електрична енергија.

Просечниот доток во акумулациите изнесува 110 метри кубни вода во секунда. Како резултат на тоа двата објекта работат под полн капацитет.

Обилните дождови го зголемија количеството вода, а со самото тоа и нивото на акумулациите. Снегот кој во овој регион го има над 20 сантиметри во пониските делови и многу повеќе во планините е гаранција за поголемо количество вода на пролет.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik