Американскиот весник Wall Street Journal го рангираше виното „Жилавка“ на македонската винарија „Стоби“ меѓу топ пет пролетни вина во светот. Минатиот месец и винот „Вранец“ од бербата од 2012 година беше препорачан од реномираниот The Washington Post и ја доби оценката – „одличен“. Винскиот критичар на The Wall Street Journal, Вил Лионс, за „Жилавка“ напиша: „Ова вино е направено од помалку позната сорта грозје и е апсолутно одушевувачко. Бело, со убава и нежна сламеста боја, а поттекнува од Република Македонија. Има прекрасна миризлива нишка со ноти на дуња, зрели праски и лимон. Уште на првата голтка е сочно и лесно со суптилна лутина. Одлично оди со зачинета храна“. Во март новинарот на The Washington Post го препорача „Стоби Вранец“ посочувајќи дека станува збор за едно од најтемните вина кои досега ги видел. „Богато е и силно со слатки и зрели овошни вкусови“, е истакнато во краткиот текст посветен на ова вино.
Американскиот весник Wall Street Journal го рангираше виното „Жилавка“ на македонската винарија „Стоби“ меѓу топ пет пролетни вина во светот.
Минатиот месец и винот „Вранец“ од бербата од 2012 година беше препорачан од реномираниот The Washington Post и ја доби оценката – „одличен“.
Винскиот критичар на The Wall Street Journal, Вил Лионс, за „Жилавка“ напиша: „Ова вино е направено од помалку позната сорта грозје и е апсолутно одушевувачко. Бело, со убава и нежна сламеста боја, а поттекнува од Република Македонија. Има прекрасна миризлива нишка со ноти на дуња, зрели праски и лимон. Уште на првата голтка е сочно и лесно со суптилна лутина. Одлично оди со зачинета храна“.
Во март новинарот на The Washington Post го препорача „Стоби Вранец“ посочувајќи дека станува збор за едно од најтемните вина кои досега ги видел. „Богато е и силно со слатки и зрели овошни вкусови“, е истакнато во краткиот текст посветен на ова вино.
Винаријата „Стоби“ е основана во 2008 година и лоцирана е во општината Градско веднаш до локалитетот Стоби. Годишно произведува околу 4,5 милиони литри висококвалитетно македонско вино распределено во четири категории – премиум, елит, класик и традиционални. Најголемиот дел од виното се пласира на странските пазари меѓу кои и Америка, каде овие вина може да се купат во голем број продавници како и преку интернет.
Виното „Жилавка“ засега не е во продажба во Македонија, но сите заинтересирани ќе може да го вкусат овој квалитетен пијалок на „Веро вино-фест“, а “Вранец” е достапен како дел од редовното портфолио на „Стоби“ во сите продажни места во државава, се вели во соопштението на компанијата.