Резервите во злато - вредат злато

Bez autora
Jun 11 2015

Македонското злато воопшто не е за потценување, ако се споредиме со земјите од регионот. Државата со 6,8 тони злато е на второ место. Оваа состојба трае со години, а златото што го има државата е стекнато со откуп на злато од домашни извори и со сукцесија на имотот на Југославија. Значи тежината на златото е иста, а се менува само неговата вредност. Додека растеше цената, се зголемуваше и вредноста на резерви во злато, кога паѓаше, имаше обратен процес, а државата губеше. Македонските златни резерви за десет години, ако се земе периодот од 2005 до 2015 година, од 95 милиони евра се искачиле на околу 230 милиони евра, или вредноста ја зголемиле за 135 милиони евра. Според последните податоци од Народна банка на Македонија во мај годинава, девизните резерви се на ниво од 2,32 милијарди евра. Дел од нив се чуваат во монетарно злато кое во мај вредело 230 милиони евра.

Резервите во злато - вредат златоМакедонското злато воопшто не е за потценување, ако се споредиме со земјите од регионот. Државата со 6,8 тони злато е на второ место. Оваа состојба трае со години, а златото што го има државата е стекнато со откуп на злато од домашни извори и со сукцесија на имотот на Југославија. Значи тежината на златото е иста, а се менува само неговата вредност. Додека растеше цената, се зголемуваше и вредноста на резерви во злато, кога паѓаше, имаше обратен процес, а државата губеше.

Македонските златни резерви за десет години, ако се земе периодот од 2005 до 2015 година, од 95 милиони евра се искачиле на околу 230 милиони евра, или вредноста ја зголемиле за 135 милиони евра.

Според последните податоци од Народна банка на Македонија во мај годинава, девизните резерви се на ниво од 2,32 милијарди евра. Дел од нив се чуваат во монетарно злато кое во мај вредело 230 милиони евра. Во валути и депозити се чуваат 248 милиони евра, додека, пак, најголем дел од девизните резерви во земјава се чуваат во хартии од вредност, кои на крајот од април имале вредност од 1,83 милијарди евра. Од почетокот на годинава паѓаат девизните резерви, но тоа не е резултат на промена на цената на златото, туку на предвремената отплата на последните неколку рати од кредитната линија кон Меѓународниот монетарен фонд.

Кај вредноста на македонското злато, во последниве две години има мали поместувања, додека во 2013 година, поради огромен пад на цената на „жолтиот метал“, и НБРМ регистрираше намалување во билансот на успех. Само во 2013, падот на цената на златото на централната банка и' донесе загуба во работењето од 135 милиони евра. На крајот од 2013 година, монетарното злато имаше вредност од 190 милиони евра, а во јануари истата година вредеше 270 милиони евра.

Најголема вредност резервите во злато достигнаа за време на „златната треска“ во 2012 година, кога се искачија на 300 милиони евра. Таа година се отвори и дебата дали Македонија треба поголем дел од резервите кои ги чува во хартии од вредност да ги претвори во злато. На ова особено инсистираше партијата на поранешниот премиер Љупчо Георгиевски, но Народна банка не го поддржа. Во земјава само централната банка може да штеди во злато, а не и граѓаните, тие не може да купуваат инвестициско злато.

„Македонија располага со 6,8 тони злато во вредност од 229 милиони евра што претставува околу 10,3 отсто од девизните резерви. Ова злато беше стекнато со откуп на злато од домашни извори и со сукцесија на имотот на Југославија. Народната банка на Македонија, како стратегиска определба, од 2006 година го одржува непроменето количеството злато во девизните резерви. Народната банка континуирано ги следи финансиските пазари вклучително и пазарот на злато. Тековно, пренасочување на дел од хартиите од вредност во злато не претставува поволна стратешка одлука поради релативно високата цена на златото. Имено, цената на златото и понатаму се одржува на високо ниво како резултат на должничката криза во евро-зоната и стимулативните монетарни мерки на европската централна банка“, велат од кабинетот на гувернерот Димитар Богов.

Од таму додаваат дека споредено со земјите од регионот, во согласност со објавените податоци во јуни 2015 година, поголемо количество злато поседуваат Бугарија и Србија, додека Словенија, Босна и Херцеговина и Албанија имаат помало количество злато во девизните резерви. Централните банки на Хрватска и Црна Гора, од друга страна, не чуваат монетарно злато. Анализирано од аспект на релативното учество во девизните резерви, Словенија чува поголем процент од резервите во монетарно злато, 13 отсто, споредено со Македонија, додека учеството на златото во девизните резерви на Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина и Албанија е пониско. Од соседните земји, најголемо количество монетарно злато поседува Грција, или 112 тони, коешто сочинува 66 отсто од вкупните девизни резерви на државата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik