Во рударството во Македонија постои голем потенцијал, а за да се реализира потребен е дополнителен капитал и нови инвестиции. Ова, меѓу другото, го нагласил вицепремиерот Владимир Пешевски пред стотина потенцијални инвеститори од рударскиот сектор, на бизнис форум во Торонто, Канада, организиран од Канадската асоцијација за развој и рударско истражување. Изминатите години се бележи позитивен тренд кога е во прашање рударскиот сектор во земјата. Активните рудници за метална руда функционираат непречено, имаат големо влијание во локалниот економски развој, а управувани се од сериозни, одговорни и стабилни концесионери, рекол Пешевски.
Во рударството во Македонија постои голем потенцијал, а за да се реализира потребен е дополнителен капитал и нови инвестиции. Ова, меѓу другото, го нагласил вицепремиерот Владимир Пешевски пред стотина потенцијални инвеститори од рударскиот сектор, на бизнис форум во Торонто, Канада, организиран од Канадската асоцијација за развој и рударско истражување.
„Изминатите години се бележи позитивен тренд кога е во прашање рударскиот сектор во земјата. Активните рудници за метална руда функционираат непречено, имаат големо влијание во локалниот економски развој, а управувани се од сериозни, одговорни и стабилни концесионери“, рекол Пешевски.
Тој додал дека Македонија е земја богата со минерални ресурси и дека во моментов во фаза на отворање се девет нови рудници за метални руди, се вршат геолошки истражувања на дополнителни девет локации, а четири потенцијални локации се во фаза на подготовка за геолошки истражувања.
„Геолошките истражувања покажуваат дека во почвата има присуство на повеќе видови метални руди: олово, цинк, бакар, злато, сребро, никел, манган, антимон и железо“, дополнил Пешевски, кој пред присутните го претставил и Законот за експлоатација на минерални суровини и концесиските трошоци за геолошки истражувања и експлоатација.
„Имаме современ Закон за експлоатација на минирални суровини, поволни концесиски трошоци, а ако се земе во предвид дека веќе постои инфраструктура и персонал со искуство во вршење на рударски работи, може да очекуваме овој сектор дополнително да се развива во иднина“, завршил Пешевски.
На форумот присуствуваа околу 100 претставници на канадски компании од секторот рударство. Дел веќе реализираат ивестициски проекти во земји од Источна Европа, Турција и поранешни советски републики, а помеѓу нив е и компанијата „Еуромакс ресурси“, која почна со реализација на инвестицијата вредна над 500 милиони долари во рудникот „Иловица“ во општина Босилово.