Рударството учествува со 260 милиони евра во извозот на македонската економија и вработува околу 15.000 работници, информира министерот без ресор задолжен за подобрување на инвестициската клима за домашни претпријатија, Зоран Шапуриќ. Тој денес присуствуваше на одбележувањето на Денот на рударите во рудникот „Бучим” во Радовиш. Во својот говор министерот им ја честиташе 39-годишнината од работењето на рудникот како и празникот Успение на Пресвета Богородица која е заштитничка на рударите. Помеѓу другото, Шапуриќ реќе дека во последените години „Бучим“ инвестирал 4 милони евра во заштита на на животна средина, а, пак, менаџментот го информираше министерот дека просечна плата во рудникот е 33.000 денари.
Рударството учествува со 260 милиони евра во извозот на македонската економија и вработува околу 15.000 работници, информира министерот без ресор задолжен за подобрување на инвестициската клима за домашни претпријатија, Зоран Шапуриќ.
Тој денес присуствуваше на одбележувањето на Денот на рударите во рудникот „Бучим” во Радовиш. Во својот говор министерот им ја честиташе 39-годишнината од работењето на рудникот како и празникот Успение на Пресвета Богородица која е заштитничка на рударите.
Помеѓу другото, Шапуриќ реќе дека во последените години „Бучим“ инвестирал 4 милони евра во заштита на на животна средина, а, пак, менаџментот го информираше министерот дека просечна плата во рудникот е 33.000 денари.
Менаџментот, исто така, го запозна министерот дека планира инвестиција од 53 милиони евра во новиот ископ со што векот на рудникот ќе се продолжи за најмалку 12 години.