Рудникот "Саса" ќе инвестира милион евра во нова технологија

Bez autora
Mar 13 2018

Рудникот за олово и цинк „Саса“ постави нов рекорд – 500 дена без повреда на работно место. Тоа е најдолг временски период на денови без повреда на работно место во оваа индустрија во земјата, но и пошироко. Претходниот рекорд на денови без повреда во рудникот „Саса“ во периодот од 11 години од рестартирањето на рудникот изнесуваше 210 дена. Среќни сме и се гордееме на ова достигнување што е резултат на заедничата работа на сите вработени и преземените мерки за заштита и почитување на процедурите, изјави генералниот директор на „Саса“, Неил Стевенсон.

Рудникот „Саса“ ќе инвестира милион евра во нова технологијаРудникот за олово и цинк „Саса“ постави нов рекорд – 500 дена без повреда на работно место. Тоа е најдолг временски период на денови без повреда на работно место во оваа индустрија во земјата, но и пошироко.

Претходниот рекорд на денови без повреда во рудникот „Саса“ во периодот од 11 години од рестартирањето на рудникот изнесуваше 210 дена.

„Среќни сме и се гордееме на ова достигнување што е резултат на заедничата работа на сите вработени и преземените мерки за заштита и почитување на процедурите. Како менаџмент планираме и понатаму да вложуваме во безбедноста на рударите и сите вработени во рудниот „Саса“ затоа што заштитата на здравјето и безбедноста е највисок прироритет за сите нас“, изјави генералниот директор на „Саса“, Неил Стевенсон.

Поради одбележување на ова значајно достигнување, сите вработени во компанијата добија парична награда, а беше организирана и пригодна свеченост.

„Им честитаме на сите вработени и на менаџментот на „Саса“ за нивната посветеност во одржување највисок степен на заштита и безбедност во рудникот. Како синдикат ние секогаш се залагаме за поголема безбедност на рударите и затоа навистина сме импресионирани од она што досега е вложено и што е планирано во иднина да се направи на ова поле во „Саса“, изјави Марија Анчева, генерален секретар на Синдикатот на индустријата, енергетиката и рударството – СИЕР.

Покрај вложувањата во безбедноста, новите сопственици на „Саса“, компанијата „Централ Азија металс“ од Лондон, продолжуваат и со инвестициите во нова најсовремена технологија во производството. Деновиве започна инсталацијата на новата СМД-мелница, во која се вложени над еден милион евра.

Новата постројка, која е единствена од ваков вид во земјата, ќе ги зголеми ефикасноста и сигурноста на технолошкиот процес на извлекување на цинковиот концентрат од рудата што се ископува во „Саса“.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik