Русија забрани увоз на говеда и на месо од Македонија

Bez autora
Aug 01 2016

Руската Федерална служба за ветеринарна и фитосанитарна контрола вчера воведе привремено ограничување на увозот на говеда, месо и на други месни производи од Македонија во Русија, јавија вчера повеќе интернет портали од земјава. Одлуката е донесена поради регистрирањето на епидемија на јазлеста кожа кај стоката во Македонија. Забраната се однесува и на увоз на производи од говедско месо, како и од други животни што се подложни на болеста јазлеста кожа, а особено на производи што не се обработени на соодветен начин. Со одлуката за забрана на увоз се опфатени производите од необработена говедска кожа, како и продукти со говедски генетски материјали.

Русија забрани увоз на говеда и на месо од МакедонијаРуската Федерална служба за ветеринарна и фитосанитарна контрола вчера воведе привремено ограничување на увозот на говеда, месо и на други месни производи од Македонија во Русија, јавија вчера повеќе интернет портали од земјава.

Одлуката е донесена поради регистрирањето на епидемија на јазлеста кожа кај стоката во Македонија.

Забраната се однесува и на увоз на производи од говедско месо, како и од други животни што се подложни на болеста јазлеста кожа, а особено на производи што не се обработени на соодветен начин. Со одлуката за забрана на увоз се опфатени производите од необработена говедска кожа, како и продукти со говедски генетски материјали.

Истовремено, Федералната служба за ветеринарна и фитосанитарна контрола на Русија привремено го ограничи и транспортот на говеда и на друга стока подложна на јазлеста кожа преку територијата на Русија.

Руската Федерација воведе исти такви забрани и за крупна стока и за месни производи од Црна Гора.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik