Само 0,5 отсто од земјоделските површини се засадени со органска храна

Bez autora
May 22 2017

Од вкупните земјоделски површини во државава, само 0,5 отсто се засадени со органски производи, што е многу малку во споредба со можностите и потребите на домашниот пазар за здрава, органска храна, а уште повеќе за странските пазари. Како што беше речено на денешната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија, на која беше претставена платформа на производителите, преработувачите, науката и потрошувачите, во земјава се регистрирани 533 фармери за органско производство. Најголем процент се засадени со житни и градинарски култури, чија вкупна површина изнесува околу 3.200 хектари.

Само 0,5 отсто од земјоделските површини се засадени со органска хранаОд вкупните земјоделски површини во државава, само  0,5 отсто се засадени со органски производи, што е многу малку во споредба со можностите и потребите на домашниот пазар за здрава, органска храна, а уште повеќе за странските пазари.

Како што беше речено на денешната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија, на која беше претставена платформа на производителите, преработувачите, науката и потрошувачите, во земјава се регистрирани 533 фармери за органско производство. Најголем процент се засадени со житни и градинарски култури, чија вкупна површина изнесува околу 3.200 хектари.

Според Васко Ристовски од Комората, во изминатите месеци од годинава и кај ова земјоделско производство е забележан намален откуп, а извозот е скоро незабележителен.

„Кај населението е ниска свеста за органската храна, но низок е и стандардот, па затоа помалку се купуваат органските производи што се поскапи за 30 отсто во споредба со конвенционално одгледаните производи. За органското земјоделско производство се даваат 50 отсто повисоки субвенции, но сепак нема некои ефекти од тоа“, рече Ристовски.

За недоволниот развој на органското производство посебно влијае неразвиената дистрибутивна мрежа, па земјоделците се принудени сами да бараат пазари за пласман.

Органски храна подразбира дека производителот мора да поседува сертифакат за органско производство, површината на која се одгледува најмалку две години претходно не смее да биде третирана со недозволени препарати, да има јасно означени граници, растенијата да се заштитени од можна контаминација од препарати што се користат во соседни површини, а ГМО е строго забрането и сe мора да биде во склад со природата.

Како што посочи Ристовски, Данска е водечка европска земја во однос на производството на органска храна по глава на жител. Во однос на расположивите обработливи површини, над девет отсто се сертифицирани како органски со што оваа држава го зазема првото место во светот. Данска издвојува 50 милиони евра за стимулации на земјоделците да преминат од конвенционално кон органско производство. Во план е до 2020 година 60 отсто од храната што се консумира во градинките и училиштата да биде со органско потекло. Инаку, најголем консумент на органска храна во светот е Германија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik