Само 5 отсто од граѓаните плаќаат преку интернет

Bez autora
May 12 2015

Претставници на 11 централни банки од државите во регионот, црноморскиот регион и од држави-членки на ЕУ, вчера во Охрид дискутираа за предизвиците и можностите што произлегуваат од дигитализацијата на платежните текови и иновациите. На собирот се дискутираше и за дигитализацијата во плаќањето, преку интернет, употребата на мобилните апарати, како за приватните потрошувачи така и за корисниците од бизнис-секторот. Беше истакнат големиот потенцијал на државите од регионот за унапредување на можностите што ги нудат современите технологии за реализација на плаќањето и развој на трговијата. Според резултатите од презентираниот извештај, во Македонија плаќањето преку интернет е во некои почетни фази, поточно само пет проценти од населението ги користи можностите за плаќање стоки и услуги преку интернет.

Само 5 отсто од граѓаните плаќаат преку интернетПретставници на 11 централни банки од државите во регионот, црноморскиот регион и од држави-членки на ЕУ, вчера во Охрид дискутираа за предизвиците и можностите што произлегуваат од дигитализацијата на платежните текови и иновациите.

На собирот се дискутираше и за дигитализацијата во плаќањето, преку интернет, употребата на мобилните апарати, како за приватните потрошувачи така и за корисниците од бизнис-секторот. Беше истакнат големиот потенцијал на државите од регионот за унапредување на можностите што ги нудат современите технологии за реализација на плаќањето и развој на трговијата. Според резултатите од презентираниот извештај, во Македонија плаќањето преку интернет е во некои почетни фази, поточно само пет проценти од населението ги користи можностите за плаќање стоки и услуги преку интернет. Оттаму и потребата да се заштитат потрошувачите при реализација на таквите плаќања и спречување на злоупотреби на нивните лични податоци. Претставникот на конференцијата за трговија и развој при ОН, Торбјорн Фредриксон, истакна дека според индексот што го следи користењето на плаќањето преку интернет Македонија е на 40. место во светот. „Податокот дека само пет отсто од клиентелата во земјата го користи тој начин на плаќање, наспроти 70 отсто, колку што е тоа практиката во Велика Британија, само го потврдува нејзиниот огромен потенцијал“, рече Фредриксон.

Во Македонија во тек е процес на усогласување на директивата за платежни услуги со регулативите на ЕУ. Се предвидува во рок од 18 месеци да се донесе нов закон за платен промет што целосно ќе ја хармонизира националната со регулативите на ЕУ, конкретно исполнување на директивите за единствен пазар за услугите во платниот промет, за конечност во порамнување и за електронски пари. „Особено внимание е посветено на иницијативата за намалување на меѓубанкарските провизии во рамки на ЕУ, што е мошне значен аспект и за Македонија, со цел распространување на картичното работење, како и темата за финансиската вклученост, односно обезбедување услуги за сите слоеви од населението“, истакна вицегувернерот Маја Кадиевска-Војновиќ.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik