Само „Југохром“ нема еколошка А-лиценца

Bez autora
Dec 20 2015

Владата ќе инсистира на почитување на еколошките стандарди и за „Југохром“ и за сите други индустриски капацитети. Со исклучок на „Југохром“, сите поголеми индустриски објекти добија еколошка А лиценци. Ако не се испочитуваат законските обврски се разбира дека државата ќе ги преземе сите потребни мерки. Во согласност со мерењата што се извршени, посочи Пешевски, присуството на ПМ-10 честички во близината на „Југохром“ е за неколку пати помало од она што е во градот Тетово. „’Југохром’ во овој момент работи со 20 проценти од капацитетот што е проектиран“, рече Пешевски, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата за проектот „Купи куќа за млади“.

Само „Југохром“ нема еколошка А-лиценцаВладата ќе инсистира на почитување на еколошките стандарди и за„Југохром“ и за сите други индустриски капацитети. Со исклучок на „Југохром“, сите поголеми индустриски објекти добија еколошка А лиценци.

Ако не се испочитуваат законските обврски се разбира дека државата ќе ги преземе сите потребни мерки, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.

Во согласност со мерењата што се извршени, посочи Пешевски, присуството на ПМ-10 честички во близината на „Југохром“ е за неколку пати помало од она што е во градот Тетово. „’Југохром’ во овој момент работи со 20 проценти од капацитетот што е проектиран“, рече Пешевски, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата за проектот „Купи куќа за млади“.

„Во Скопје имаше периоди кога некои од индустриските капацитети не работеа и немаше речиси никакво намалување на загадувањето. Значи проблемот е малку поширок“.

Денеска министерот за животна средина, Нурхан Изаири, одржа состанок со градоначалниците на Скопје и Битола, Коце Трајановски и Владимир Талевски и со претставниците на општините Тетово, Кавадарци и Кичево во врска со справувањето со загадувањето на воздухот.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik