„Шардоне“ на „Тиквеш“ се закити со сребро

Bez autora
Mar 23 2011

Виното на винарската визба „Тиквеш“ - „шардоне“ од бербата од 2010 година доби сребрен медал на најпрестижниот специјализиран натпревар – „Шардонас ду монде“, што се одржа во Франција. Ова значајно признание на тиквешкото „шардоне“ му го додели жири од 300 интернационални експерти во конкуренција на 914 вина „шардоне“ од 38 земји во светот. Годинашниот натпревар е уникатен и според најголемиот број пријавени вина во досегашната 18-годишна историја. Секое од вината е оценувано според своите индивидуални квалитети, а особено според добрата типизираност и интензитетот на аромите „шардоне“.

„Шардоне“ на „Тиквеш“ се закити со среброВиното на винарската визба „Тиквеш“ - „шардоне“ од бербата од 2010 година доби сребрен медал на најпрестижниот специјализиран натпревар – „Шардонас ду монде“, што се одржа во Франција.

Ова значајно признание на тиквешкото „шардоне“ му го додели жири од 300 интернационални експерти во конкуренција на 914 вина „шардоне“ од 38 земји во светот.

Годинашниот натпревар е уникатен и според најголемиот број пријавени вина во досегашната 18-годишна историја. Секое од вината е оценувано според своите индивидуални квалитети, а особено според добрата типизираност и интензитетот на аромите „шардоне“.

„Особена е честа кога ќе добиете признание од еден ваков специјализиран и престижен натпревар со највисок стандард на оценување на вината ’шардоне‘, организиран токму во татковината на оваа сорта. Една ваква награда не' убедува дека ’шардоне‘ поседува доволно уникатност и потенцијал да се соочи со веќе признаените вина од истата сорта што се пласираат секоја година на пазарот. Сепак, пред се', тоа е потврда на нашите вложувања во постигнувањето врвен квалитет на вината на ВВ ’Тиквеш‘, но и мотив да продолжиме во истиот правец“, истакна Ѓорги Петрушев, генерален директор на винарската визба „Тиквеш“.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik