Рудникот „Саса“ годинава планира да произведе 700.000 тони сува руда, додека во 2015 беа ископани 778.000 тони сува руда. Од раководството на рудникот посочуваат дека цената на металите на светската берза е нестабилна и се движи до 1.600 долари по тон, што дава негативни реперкусии врз рударството. Моменталната цена на оловото е 1.843 долари за тон, додека на цинкот 1.715 долари за тон. „Тоа е критично за работата на еден рудник, но цената на металите сега има тенденција за покачување и се надеваме дека ова ниво на цени ќе се задржи. Во буџетот за 2016 ние планиравме одредени цени на металите и во овој момент не се одразуваат во работата“, потенцира генералниот директор на „Саса“.
Рудникот „Саса“ годинава планира да произведе 700.000 тони сува руда, додека во 2015 беа ископани 778.000 тони сува руда.
Од раководството на рудникот посочуваат дека цената на металите на светската берза е нестабилна и се движи до 1.600 долари по тон, што дава негативни реперкусии врз рударството.
Моменталната цена на оловото е 1.843 долари за тон, додека на цинкот 1.715 долари за тон.
„Тоа е критично за работата на еден рудник, но цената на металите сега има тенденција за покачување и се надеваме дека ова ниво на цени ќе се задржи. Во буџетот за 2016 ние планиравме одредени цени на металите и во овој момент не се одразуваат во работата“, потенцира генералниот директор на „Саса“, Александар Раков.