Американски инвестициски фонд, кој, според наши информации, досега инвестирал во над дваесет рудници во светот, го презема рудникот за олово и цинк „Саса“ кај Македонска Каменица. Фондот веќе формирал своја фирма ќерка во Македонија под име „Линкс Европа“ ДООЕЛ Скопје. На седницата од 13 овој месец, Владата донесе одлука со која се дава согласност за пренос на удели во „Саса“ од страна на отстапувачот на уделите „Солвеј индустри“ ЛТД со седиште во Кингстоун, Сан Винсенте и Гренадини и „Солвеј индустри“ АС со седиште во Талин, Естонија. Примател на уделите е друштвото за трговија „Линекс Европа“ со седиште во Скопје, која, според наши извори, е фирма ќерка на Американски инвестициски фонд. Ако се' биде во ред, новиот сопственик би требало да влезе во еден од најдобрите и најпрофитабилни рудници во Европа за еден до два месеце', а најдоцна до крајот на тековната година.
Американски инвестициски фонд, кој, според наши информации, досега инвестирал во над дваесет рудници во светот, го презема рудникот за олово и цинк „Саса“ кај Македонска Каменица. Фондот веќе формирал своја фирма ќерка во Македонија под име „Линкс Европа“ ДООЕЛ Скопје.
На седницата од 13 овој месец, Владата донесе одлука со која се дава согласност за пренос на удели во „Саса“ од страна на отстапувачот на уделите „Солвеј индустри“ ЛТД со седиште во Кингстоун, Сан Винсенте и Гренадини и „Солвеј индустри“ АС со седиште во Талин, Естонија. Примател на уделите е друштвото за трговија „Линекс Европа“ со седиште во Скопје, која, според наши извори, е фирма ќерка на Американски инвестициски фонд. Ако се' биде во ред, новиот сопственик би требало да влезе во еден од најдобрите и најпрофитабилни рудници во Европа за еден до два месеце', а најдоцна до крајот на тековната година.
Според одлуката на Владата, надоместокот за давање согласност за пренос на уделот во износ од 616.039.970 денари, примателот на уделот, односно „Линкс Европа“ е должен да го уплати во рок од 30 дена од влегувањето во сила на оваа одлука, односно до 13 идниот месец. Овие 616 милиони денари, односно десет милиони евра, се всушност 7 проценти од проценетата вредност на „Саса“. Со уплатата на овој износ се отвора можноста да се изврши промена на сопственикот во централниот регистер на Македонија.
Според законот за минерални суровини, ако структурата на сопственоста се менува над 51 процент, а во овој случај се работи за стопроцентна промена, пред да се одлучува за давање согласност за промена на сопственикот на концесијата, се врши проценка на деловниот потфат. Владата преку Министерството за економија побара проценка на деловниот потфат да изврши надлежна државна институција, односно Бирото за судски вештачења, а врз основа на пропишана методологија. Се работи за методологија по која досега во Македонија успешно се извршени проценки за повеќе наши рудници, а таа постапка се смета за чисто рутинска работа. Проценетата вредност нема никакви допирни точки со купопродажна цена на уделите, таа може да биде и пониска и повисока за што ќе преговараат заинтересираните компании во овој процес. Во целата оваа работа државата ниту се меша ниту тоа нејзе ја интересира.
Бирото за судско вештачење ја има проценето „Саса“ на 144 милиони евра, иако некои поранешни информации говореа за вредност на овој рудник заокружена на 200 милиони евра. „Саса“ е втор по големина рудник во Европа, веднаш по рудникот „Тара Маин“ во Ирска. Се работи за високопрофитабилен рудник за олово и цинк, кој секоја деловна година ја завршува со добивка, а минатата година на позитивното салдо на рудникот остана запишана сумата од 47 милиони евра.
Ако „Ликс Европа“ до 13 идниот месец ја уплати сумата од 616 милиони денари, со тоа ќе се отвори патот за конечно завршување на зделката. Тоа ќе значи дека по уплатата на купопродажната цена во Централниот регистер ќе се изврши промена на сопственикот, а сите поранешни работи поврзани со концесијата остануваат непроменети и „Саса“ ќе продолжи како и до сега.