Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска соопшти дека ќе бидат преземени сите неопходни мерки за непречен откуп и дистрибуција на земјоделските производи и за заштита на домашното производство. Оттаму истакнуваат дека деновиве е реализирана средба на производителите и откупувачите на градинарски производи со цел да се утврди како се одвива откупот и дистрибуцијата во струмичкиот и тиквешкиот регион каде во тек е бербата на праски, круши, кајсии, цреши и вишни. На средбата е утврдено дека голем број регистрирани откупувачи кои работат со извоз немаат стабилни партнери, а постојат и вештачки блокади од странските партнери, за што причина е неусогласеноста на цената при откупот. Забелешката од странските откупувачи е што во една гајба се пакуваат по три сорти, а производите се чуваат во несоодветни услови.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска соопшти дека ќе бидат преземени сите неопходни мерки за непречен откуп и дистрибуција на земјоделските производи и за заштита на домашното производство.
Оттаму истакнуваат дека деновиве е реализирана средба на производителите и откупувачите на градинарски производи со цел да се утврди како се одвива откупот и дистрибуцијата во струмичкиот и тиквешкиот регион каде во тек е бербата на праски, круши, кајсии, цреши и вишни.
На средбата е утврдено дека голем број регистрирани откупувачи кои работат со извоз немаат стабилни партнери, а постојат и вештачки блокади од странските партнери, за што причина е неусогласеноста на цената при откупот. Забелешката од странските откупувачи е што во една гајба се пакуваат по три сорти, а производите се чуваат во несоодветни услови.
Со цел подобар откуп и пласман, од ресорното Министерство најавуваат преземање мерки со кои ќе се поттикне изградбата на складишни капацитети и откупно-дистрибутивни центри со капацитет над 5.000 тони и поддржување иницијативи за изградба на мали ладилници со капацитет од 500 тони.
На овој начин, велат од Министерството за земјоделство, земјоделците ќе ги одржат производите квалитетни и ќе можат да постигнат повисока откупна цена.