Половина година пред истекот на тригодишниот договор за субвенционирање на нискобуџетната авиокомпанија „Визер“, Владата реши да формира национален авиопревозник. Одлуката за формирање авиокомпанија што ќе лета под македонско знаме, која Владата ја донесе на завчерашната седница, ја изненади стручната јавност, бидејќи изминатите години идејата категорично беше отфрлана. Улогата на национален авиопревозник во Македонија последно ја имаше компанијата МАТ, која отиде во стечај во 2009 година, поради натрупани долгови. Наместо поддршка за национален авиопревозник, Владата изминатиов период се одлучи за моделот на субвенционирање нискобуџетни компании што ќе воведат нови дестинации од Македонија и ќе понудат поевтини авиобилети. За таа цел од буџетот во изминатите три години издвои 5,1 милиони евра.
Половина година пред истекот на тригодишниот договор за субвенционирање на нискобуџетната авиокомпанија „Визер“, Владата реши да формира национален авиопревозник. Одлуката за формирање авиокомпанија што ќе лета под македонско знаме, која Владата ја донесе на завчерашната седница, ја изненади стручната јавност, бидејќи изминатите години идејата категорично беше отфрлана.
Улогата на национален авиопревозник во Македонија последно ја имаше компанијата МАТ, која отиде во стечај во 2009 година, поради натрупани долгови. Наместо поддршка за национален авиопревозник, Владата изминатиов период се одлучи за моделот на субвенционирање нискобуџетни компании што ќе воведат нови дестинации од Македонија и ќе понудат поевтини авиобилети. За таа цел од буџетот во изминатите три години издвои 5,1 милиони евра.
Нови вработувања
Од Министерството за транспорт и врски вчера не добивме објаснување зошто одеднаш се поттикнува идејата за национален авиопревозник и дали сегашниот модел на субвенционирање се покажал како успешен. Стручната јавност смета дека за една земја долгорочно подобро и поисплатливо е да финансира национален превозник, отколку да субвенционира нискобуџетна авиокомпанија.
Поранешниот долгогодишен директор на претставништвото на словенечката „Адриа ервејз“ во Македонија, Момир Рафајловски, вели дека 20 години бил против идејата за формирање национален превозник, бидејќи практиката во сите поранешни југословенски републики покажа дека ваквите авиопревозници функционираа со економски слабости и им беше неопходна финансиска помош од државата. Рафајловски, сепак, не го поддржува субвенционирањето нискобуџетни компании како алтернатива за немањето национален авиопревозник.
- „Лоу кост“ превозникот не е секогаш евтин и не го поврзува Скопје со други главни градови во Европа. Истовремено, ова не е долгорочно решение за тоа што ~ треба на една држава, а тоа е комуникација со главни економски и политички центри од интерес за државата. Субвенциите отидоа во други центри, односно во Будимпешта и затоа сметам дека ако веќе се врши субвенционирање, подобро е тоа да се прави овде. На тој начин парите и ќе се вратат преку стотина нови вработувања, а би се вратил и нашиот стручен кадар, кој е сега раштркан во други земји - вели Рафајловски.
Тој смета дека да се постави база на компанијата согласно капацитетот на државата и да се изврши поврзување со главните центри неопходни за нашата држава е порационално отколку да плаќаме евтини авиопревозници што не нудат квалитет, ниту можат да придонесат за развој на туризмот, бидејќи со нив не може да се договара превоз на групи.
-Истовремено, ќе треба да се направат напори за да се вратат изгубените пазари. И затоа е можеби добро за национален авиопревозник да се одбере препознатлив бренд, кој добро го познава овој пазар - смета Рафајловски.
Скапа работа
Долгогодишен вработен во авиосообраќајот коментира дека најголеми шанси за национален авиопревозник имаат само авиокомпании што се присутни во поранешните југословенски републики.
- Не верувам дека државата самата ќе формира авиокомпанија за оваа намена, бидејќи искуството покажа дека државата е најлош стопанственик во овој поглед. Превозникот треба да е приватна сопственост, но во Македонија нема такви бизнисмени што ќе се осмелат да формираат ваква авиокомпанија. Потребни се многу пари, но и најмалку шест-седум години додека компанијата застане на нозе и ги достигне потребните стандарди. Не ми се верува ниту дека познатите европски и светски авиокомпании би влегле тука, бидејќи станува збор за многу мал пазар. Kолку и да ги субвенционира државата, ним нема да им е исплатливо. Единствено може да влезе некое име што веќе е присутно во регионот - смета тој.
Според најавите на Владата, таа првично ќе го испитува интересот на светските авиокомпании да формираат свои бази во земјава. Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, во интервју за МРТ објави дека Владата прво ќе го испитува пазарот преку консултант, по што ќе ги дефинира условите што ќе му ги понуди на националниот авиопревозник, како дополнителни субвенции, најдобрите линии да бидат резервирани за тој авиопревозник и други поволности.
Дека на Македонија ~ е неопходен национален превозник потенцира и генералниот директор на ТАВ, Сани Шенер, кој смета дека тоа е единствен начин земјава да го зголеми бројот на патниците и да ја поттикне економијата. Тој ги демантира гласините во јавноста дека „Туркиш ерлајнс“ ќе ја преземе таа улога во Македонија.
- Турската авиокомпанија не може да е македонски национален авиопревозник, туку мора да се формира домашна авиокомпанија, која ќе лета под македонско знаме. Посакувам некој македонски бизнисмен да се осмели и да инвестира во национална авиокомпанија. Сигурен сум дека и тоа ќе се случи, бидејќи секоја држава треба да го има - рече Шенер.