Со забрзана динамика се одвива изградбата на автопатот „Арбен Џафери“, кој ги поврзува Косово и Македонија. Ела Ручи, портпаролка на компанијата „Бектел енка“, која ги изведува работите, вели дека со подобрувањето на временските услови се интензивирале и работите. Моментно според неа во овој проект се ангажирани околу 800 работници. Се работи на целата должина на автопатот, до границата со Македонија. Сите сектори се ангажирани, а секако во летниот период се зголемуваат и градежните активности. Наша цел е да се запазат предвидените рокови, изјавила Ручи. И владини претставници потврдија дека текот на работите на автопатот Приштина- Хан Елези, кој ги поврзува Косово и Македонија, се одвива според предвидената динамика.
Со забрзана динамика се одвива изградбата на автопатот „Арбен Џафери“, кој ги поврзува Косово и Македонија. Ела Ручи, портпаролка на компанијата „Бектел енка“, која ги изведува работите, вели дека со подобрувањето на временските услови се интензивирале и работите.
Моментно според неа во овој проект се ангажирани околу 800 работници.
„Се работи на целата должина на автопатот, до границата со Македонија. Сите сектори се ангажирани, а секако во летниот период се зголемуваат и градежните активности. Наша цел е да се запазат предвидените рокови“, изјавила Ручи.
И владини претставници потврдија дека текот на работите на автопатот Приштина- Хан Елези (Генерал Јанковиќ), кој ги поврзува Косово и Македонија, се одвива според предвидената динамика.
Рама Чупева, директор на секторот за патна инфраструктура во косовското Министерство за инфраструктура, изјави дека од технички аспект нема да има проблеми во завршувањето на работите.
„Реализацијата на овој проект започна во 2014 година, додека, според планот, работите треба да завршат на почетокот од 2018“, вели Чупева.
Целата сообраќајница е во должина од 60 километри, а ќе бидат инвестирани 600 милиони евра. Автопатот „Арбен Џафери“ е продолжение на автопатот до косовско-албанската граница „Ибрахим Ругова“, кој пак се поврзува со автопатот Драч-Кукс, граничен премин Морина, на албанско-косовската граница.