Се гради дистрибутивен центар на „тинекс“ во Петровец

Bez autora
Dec 07 2015

Во индустриската зона Чојлија во општина Петровец денеска започна изградбата на логистичко дистрибутивен центар на „Тинекс“ со големина од 22.000 метри квадратни, инвестиција вредна околу 14 милиони евра. Инвестицијата на „Тинекс“ се проценува на околу осум милиони евра со кои до крајот на следната година на површина од 11.000 метри квадратни се очекува да се изгради новиот логистичко- дистрибутивен центар. Ќе се отворат околу 100 нови работни места со што „Тинекс“ продолжува да биде еден од најголемите работодавачи меѓу ланците на маркети во Македонија, рече премиерот Никола Груевски. Според него, Петровец ео една од најинтересните општини за инвеститорите, што се покажува и преку 77 парцели во зоната Чојлија, кои се продадени, а на 17 од нив веќе се градат фабрики и дурги објекти.

Во индустриската зона Чојлија во општина Петровец денеска започна изградбата на логистичко дистрибутивен центар на „Тинекс“ со големина од 22.000 метри квадратни, инвестиција вредна околу 14 милиони евра. Инвестицијата на „Тинекс“ се проценува на околу осум милиони евра со кои до крајот на следната година на површина од 11.000 метри квадратни се очекува да се изгради новиот логистичко- дистрибутивен центар.

„Ќе се отворат околу 100 нови работни места со што „Тинекс“ продолжува да биде еден од најголемите работодавачи меѓу ланците на маркети во Македонија“, рече премиерот Никола Груевски.

Според него, Петровец ео една од најинтересните општини за инвеститорите, што се покажува и преку 77 парцели во зоната Чојлија, кои се продадени, а на 17 од нив веќе се градат фабрики и дурги објекти.

„За околу еден месец се очекува да се пушти новата фабрика на македонско-австриската фирма „Квембергер“. Треба да почне со работа новата италијанска болница на „Еуроиталија“, како и на поголем број други компании“, истакна Груевски.

Инвеститорот на логистичко дистрибутивниот центар, Владимир Тодоровиќ информира дека објектот ќе се гради во две фази. Во првата фаза ќе се гради објект со површина од 11.000 метри квадратни, инвестиција од осум милиони евра. Со исто толкава површина ќе биде и втората фаза за што ќе бидат инвестирани шест милиони евра. Во двете фази ќе бидат вработени по 100 лица.

„Логистичкиот центар ќе биде опремен со најсовремена опрема за прием, складирање и испорака на стоки до малопродажните места што ги има нашата компаниј. Посебна предност ќе биде компјутерскиот софтвер со кој ќе се менаџира целокупното работење и ќе овозможи навремена и експедитивна достава“, рече Тодоровиќ.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik