Владата на Република Македонија денеска на седница ја разгледа и усвои анализата на структурата на портфолиото на јавниот долг и каматните трошоци. На седницата, како што соопшти владината прес-служба, усвоена е информацијата дека во изминатиот период Владата повеќе се раздолжува отколку што се задолжува и оти каматите на новите задолжувања се пониски од каматите со кои претходно биле задолжувани граѓаните. Од страна на Владата усвоена е и постапката со која се операционализира мерката за поддршка на домашниот туризам за работници со ниски приходи за која се обезбедени финансиски средства со ребалансот на буџетот за 2017 година. Со оваа мерка Владата ја продолжува туристичката сезона и обезбедува субвенции за работниците со ниски приходи. Министерството за економија е задолжено за реализација на оваа мерка, а право на неа ќе имаат граѓаните, односно семејствата со приходи до 22 илјади денари, се вели во соопштението од Владата.
Владата на Република Македонија денеска на седница ја разгледа и усвои анализата на структурата на портфолиото на јавниот долг и каматните трошоци.
На седницата, како што соопшти владината прес-служба, усвоена е информацијата дека во изминатиот период Владата повеќе се раздолжува отколку што се задолжува и оти каматите на новите задолжувања се пониски од каматите со кои претходно биле задолжувани граѓаните.
Од страна на Владата усвоена е и постапката со која се операционализира мерката за поддршка на домашниот туризам за работници со ниски приходи за која се обезбедени финансиски средства со ребалансот на буџетот за 2017 година.
– Со оваа мерка Владата ја продолжува туристичката сезона и обезбедува субвенции за работниците со ниски приходи. Министерството за економија е задолжено за реализација на оваа мерка, а право на неа ќе имаат граѓаните, односно семејствата со приходи до 22 илјади денари – се вели во соопштението од Владата.