Граѓаните помалку штеделе во април а повеќе земале кредити, покажуваат податоците на Народната банка на Македонија. Сличен тренд има и кај фирмите. Првичните податоци за април годинава покажуваат пад кај штедењето во однос на претходниот месец. Ваквите остварувања го одразуваат намалувањето на депозитите и кај двата сектора, населението и претпријатијата, иако поумерено кај депозитите на населението во услови на зголемена неизвесност. Од друга страна, кај кредитната активност, првичните податоци со април покажуваат раст на кредитите на месечна основа, со натамошно поизразено кредитирање на секторот 'население', се вели во соопштеноето на НБМ од редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика.
Граѓаните помалку штеделе во април а повеќе земале кредити, покажуваат податоците на Народната банка на Македонија. Сличен тренд има и кај фирмите.
"Првичните податоци за април годинава покажуваат пад кај штедењето во однос на претходниот месец. Ваквите остварувања го одразуваат намалувањето на депозитите и кај двата сектора, населението и претпријатијата, иако поумерено кај депозитите на населението во услови на зголемена неизвесност. Од друга страна, кај кредитната активност, првичните податоци со април покажуваат раст на кредитите на месечна основа, со натамошно поизразено кредитирање на секторот 'население'", се вели во соопштеноето на НБМ од редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика.
Ова доаѓа откако и претходниот месец, односно во март, граѓаните од банките повлекле 20 милиони евра, по неколкумесечен пораст на депозитите регистриран претходните месеци. И во март, наспроти намалувањето на депозитите, било зголемено кредитирањето, односно овој месец граѓаните се задолжиле за нови 30 милиони евра.
Во април умерено се намалила и ликвидноста на банките, по неколкумесечниот пораст претходниот период.
Според НБМ причините се главно од сезонски карактер, односно поради сезонски повисоката побарувачка за денарска готовина на населението, којашто е карактеристична пред велигденските и првомајските празници. На девизниот пазар беа реализирани вообичаени сезонски движења проследени со релативно пониска побарувачка за девизи од корпоративниот сектор, која што беше делумно надоместена со зголемената понуда на девизи од менувачниците, се вели во соопштението на НБМ.
Генералната оцена на НБМ е дека економските фундаменти се солидни, а очекувањата на економските субјекти, и покрај политичката криза, инатаму се релативно стабилни. Каматната стапка на благајничките записи се задржа непромена на ниво од 3,25 отсто.
Според податоците за движењето на цените во домашната економија во април растот на инфлацијата на годишно ниво е 1,0 отсто, односно просечен раст на цените за 0,6 отсто во првите четири месеци од годинава. Овие остварувања се резултат на цените на енергијата и на базичната инфлација, при и натаму пониски цени на храната, објаснуваат од НБМ.
На девизниот пазар во првите четири месециа НБМ интервенирала со мал нето-откуп на девизи. Девизните резерви во април во однос на крајот на 2016 година покажуваат пад, во најголем дел како резултат на достасувањето на девизните депозити на домашните банки кај НБМ, како и на трансакциите со привремен ефект.
Сепак, се додава, сите показатели на адекватноста на девизните резерви покажуваат дека тие постојано се движат во сигурната зона, а податоците за менувачкиот пазар од почетокот на април упатуваат на вообичаени нето-приливи од приватни трансфери. Во март годинава беа остварени поволни движења и во надворешната трговија - извозот оствари значаен годишен раст од 21,4 отсто, при раст на увозот од 13,1 отсто, што доведе до намалување на трговскиот дефицит за 3,4 отсто на годишна основа, соопшти НБМ.
Повисоката понуда на девизи на менувачкиот пазар главно беше резултат на сезонски ефект во текот на велигденските празници. Ваквите движења на девизниот пазар овозможија подобрување на девизната ликвидност на банките и интервенција на Народната банка за откуп на девизи од банките поддржувачи. Во втората половина од месецот дојде до засилување на побарувачката на девизи од клиентите на банките, што следствено се одрази и врз растот на побарувачката на девизи и на меѓубанкарскиот пазар.