Рекорден број, дури 140 директни домашни и 14 странски изложувачи од Турција, Грција, Србија, Словенија, Хрватска, БиХ, Италија и првпат од Косово преку Кластерот на државната индустрија ќе учествуваат на Меѓународниот саем МЕБЕЛ 2011, што од денеска до 27 март се одржува во петте хали на Скопски саем. Ќе бидат претставени над 600 индиректни изложувачи, а и годинава има групно учество на 10 компании од Турција. Годинашната манифестација, како што објаснува организаторот, ја обележува за 20 отсто и зголемено учество на домашни производители на мебел. Саемот денеска официјално ќе го отвори вицепремиерот Абдулаќим Адеми, а потоа ќе бидат прогласени добитниците на конкурсот наменет за млади дизајнери, студенти и архитекти под наслов Дизајнирање на елемент за седење". Конкурсот се одржува по втор пат.
Рекорден број, дури 140 директни домашни и 14 странски изложувачи од Турција, Грција, Србија, Словенија, Хрватска, БиХ, Италија и првпат од Косово преку Кластерот на државната индустрија ќе учествуваат на Меѓународниот саем МЕБЕЛ 2011, што од денеска до 27 март се одржува во петте хали на Скопски саем.
Ќе бидат претставени над 600 индиректни изложувачи, а и годинава има групно учество на 10 компании од Турција. Годинашната манифестација, како што објаснува организаторот, ја обележува за 20 отсто и зголемено учество на домашни производители на мебел.
Саемот денеска официјално ќе го отвори вицепремиерот Абдулаќим Адеми, а потоа ќе бидат прогласени добитниците на конкурсот наменет за млади дизајнери, студенти и архитекти под наслов Дизајнирање на елемент за седење". Конкурсот се одржува по втор пат. Годинашни добитници во категоријата професионалци е Никола Атанасовски, а во категоријата студенти добитник на првата награда е Марија Цветковска.
И годинава на МЕБЕЛ 2011 година ќе бидат доделени традиционално наградите за најдобри производители и трговци на мебел. Во рамки на оваа манифестација, Скопски саем ќе биде домаќин и на ЦЕФА - Алијанса на саемската индустрија на Централната Европа, во која Скопски саем е член на 2002 година. На состанокот ќе учествуваат 20 претставници на ЦЕФА, организатори на саеми од Минхен, Виена, Будимпешта, Софија, Пловдив, Нови Сад, Тирана, Кишињев и Џеље.
Во организација, пак, на Скопски саем и Кластерот на дрвна индустрија на Македонија ќе се одржи семинар кој е проект на ЕУ, под наслов Европската безбедност и здравје на работа во индустријата за мебел и преработка на дрвоо. Гостин на семинарот и предавач ќе биде претседателот на Кластерот на дрвна индустрија на Европа, Барт Де Турк.