Немање пари, низок стандард или, пак, презаситеност на македонскиот пазар со стари автомобили? Што и да е причината, драстично е намалена продажбата на употребувани автомобили во државава, но и на нови патнички возила. Моменталната состојба со увезените количества на пазарот многу се разликува од онаа пред неколку години, кога по измените во Законот за царинска тарифа и акцизи, граѓаните буквално навалија на купување евтини, половни возила од странство. Сега е многу поинаку, велат увозниците на стари автомобили, интересот е значително намален и поради тоа секоја година се увезуваат се' помалку. Според сопственици на автоплацеви, има намален интерес за половни возила, иако се' уште се купуваат.
Немање пари, низок стандард или, пак, презаситеност на македонскиот пазар со стари автомобили? Што и да е причината, драстично е намалена продажбата на употребувани автомобили во државава, но и на нови патнички возила. Моменталната состојба со увезените количества на пазарот многу се разликува од онаа пред неколку години, кога по измените во Законот за царинска тарифа и акцизи, граѓаните буквално навалија на купување евтини, половни возила од странство. Сега е многу поинаку, велат увозниците на стари автомобили, интересот е значително намален и поради тоа секоја година се увезуваат се' помалку .
Според сопственици на автоплацеви, има намален интерес за половни возила, иако се' уште се купуваат.
„Во овој бизнис сум шест години, но се' потешко се продаваат автомобили. Народот нема пари, а пазарот е презаситен. Откако се воведоа законските измени за увоз на возила стари до 17 години, со ’Еуро 2‘ стандард, пазарот се преплави и имаше голем интерес. Но, сега продажбата е намалена и до 60 проценти во споредба со периодот до пред четири-пет години. Сепак, уште има купувачи. Можат да се најдат и подобри коли, со повисоки еколошки стандарди, но со повисоки цени. Инаку, во просек, цените се меѓу 2 и 4 илјади евра, а најмногу се бараат германски и француски коли“, вели сопственик на автоплац од Скопје. Според него, во наредните месеци ќе се увезуваат уште помалку половни возила од странство, затоа што од почетокот на годинава има забрана за увоз на автомобили со стандард „еуро 2“, а од јули и за оние со „еуро 3“, кои и најмногу беа купувани од граѓаните поради пониските цени.
И кај увозот на нови возила има драстични падови. Според некои информации, продажбата е намалена за 50 отсто во споредба со пред неколку години и многу тешко дека ќе се повтори состојбата од 2008 година, кога во Македонија беше регистрирана рекордна продажба на 17.783 нови автомобили.
Статистичките податоци на Царинската управа на Македонија ги потврдуваат состојбите. Според последните податоци, од почетокот на годинава до крајот на јуни увезени се вкупно 13.280 возила, од нив 12.229 биле патнички автомобили, од кои 10.229 половни. Во истиот период минатата година увозот на возила изнесувал 17.421, патнички биле 14.160, а од нив 12.587 половни. Најновите бројки за реализираниот увоз во првата половина од годинава се речиси двојно помали во споредба со 2010 година кога биле увезени вкупно 27.101 возила, од кои нови биле 3.917, а половни 23.184.
Големи разлики се видливи и ако се направи споредба по години. Според податоците од Царинската управа, на крајот на 2014 година вкупниот увоз на возила изнесувал 35.107, од кои 32.610 биле патнички, а од нив 29.558 стари. Додека во цела 2010 година се увезле речиси двојно повеќе или 65.519 возила. Патнички имало 58.519, а од нив 51.399 биле употребувани.