Се продаваат парцели за куќи и за мотели на езеро „Младост“

Bez autora
Jun 21 2016

Општина Велес објави оглас за продажба на градежни парцели на неизградено земјиште околу езерото „Младост“. Парцелите се наменети за изградба на куќи во викенд-населбата на патот кон езерото и село Новачани, како и за хотелски комплекси покрај езерото „Младост“. На електронско јавно наддавање се понудени 25 парцели за индивидуални куќи на приземје и еден кат. Почетната цена на наддавањето изнесува 283 денари за квадратен метар, а парцелите се со површина од 586 до 1.590 квадрати. Лицитацијата на овие парцели ќе се одржи на 7 и на 8 јули. Во претходните продажби веќе се отуѓени 17 плаца.

Се продаваат парцели за куќи и за мотели на езеро „Младост“Општина Велес објави оглас за продажба на градежни парцели на неизградено земјиште околу езерото „Младост“.

Парцелите се наменети за изградба на куќи во викенд-населбата на патот кон езерото и село Новачани, како и за хотелски комплекси покрај езерото „Младост“.

На електронско јавно наддавање се понудени 25 парцели за индивидуални куќи на приземје и еден кат. Почетната цена на наддавањето изнесува 283 денари за квадратен метар, а парцелите се со површина од 586 до 1.590 квадрати. Лицитацијата на овие парцели ќе се одржи на 7 и на 8 јули. Во претходните продажби веќе се отуѓени 17 плаца.

На продажба се понудени и два плаца со намена за изградба на хотелски комплекси. И тие се продаваат со почетна цена од 283 денари за квадрат, а се со површина од 3.800 и 10.600 квадрати. На првата парцела може да се изгради објект на П+2, а на втората П+3 ката. Наддавањето за овие парцели е закажано за 21 јули.

И на двата огласи можат да се јават физички и правни лица, граѓани на Македонија, но и странци. Лани по пат на електронско јавно наддавање Општина Велес отуѓила вкупно 26 градежни парцели од кои 10 се со намена Г2-лесна и незагадувачка индустрија, 4 парцели се со намена А4-мотели, 2 со намена А2-домување во станбена зграда, една парцела е за хотелски комплекс и 9 се за изградба на викенд-куќи. Од продажба по пат на јавно наддавање, во 2015 година во општинскиот буџет се слеале 37,5 милиони денари.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik