Се укинува директниот лет Скопје - Рим

Bez autora
Nov 17 2016

По „Swiss” и „Czech airlines” своите летови за Скопје ги прекинува и „Alitalia”, а како причина за тоа се наведува помалата продажба на карти од очекуваното. Компанијата „Аlitalia“ пред две ипол години ја воведе редовната линија помеѓу главните градови. Со откажувањето на оваа линија, Скопје останува поврзано со Италија преку нискобуџетната унгарска компанија „Wizz Air” со летови до два градови – близу Милано и Венеција. Инаку, ова ќе биде трет редовен превозник што ги прекинува летовите за Скопје со зимскиот ред на летање откако пред две недели и швајцарскиот авиопревозник „Swiss“ и чешкиот „Czech airlines“ ги прекинаа линиите од Женева и од Прага.

Се укинува директниот лет Скопје - РимПо „Swiss” и „Czech airlines” своите летови за Скопје ги прекинува и „Alitalia”, а како причина за тоа се наведува помалата продажба на карти од очекуваното.

Компанијата „Аlitalia“ пред две ипол години ја воведе редовната линија помеѓу главните градови. Со откажувањето на оваа линија, Скопје останува поврзано со Италија преку нискобуџетната унгарска компанија  „Wizz Air” со летови до два градови – близу Милано и  Венеција.

Инаку, ова ќе биде трет редовен превозник што ги прекинува летовите за Скопје со зимскиот ред на летање откако пред две недели и швајцарскиот авиопревозник „Swiss“ и чешкиот „Czech airlines“ ги прекинаа линиите од Женева и од Прага.

Oд 2012  година македонската влада дава субвенции за летовите на унгарскиот нискобуџетен превозник „Wizz Air”. Претставник на австриската авиокомпанија „Austrian Airlines“ ја обвини македонската влада дека поттикнува нелојална конкуренција во авиосообраќајот. Европската комисија потврди дека на почетокот на оваа година почнала истрага во врска со политиката на субвенционирање.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik