Седум милиони евра за санација на штетите од ланските поплави

Bez autora
Apr 05 2016

Со седум милиони евра помош од втората компонента од Програмата на Европската Унија ќе се санираат штетите и ќе се намалуваат ризиците од поплави во подрачјата што беа најпогодени во минатогодишното невреме. Целта на новиот проект, кој е имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации, е да се реконструира оштетената водостопанска инфраструктура на шест локации во источниот, западниот, југоисточниот и пелагонискиот регион во земјата. Ќе се обнови регулацијата на речните корита и одводните системи на речните басени на Црна Река и реката Струмица. Исто така, ќе се рехабилитира и ќе се подобри управувањето со четири брани од приоритетно значење, „Мавровица“, „Слатина“, „Дренска Река“ и „Липа“. Дополнително, проектот ќе обезбеди целосна поддршка на институциите за да се подобри управувањето со новата инфраструктура и да се зголеми нејзината отпорност на поплави во иднина.

Седум милиони евра за санација на штетите од ланските поплавиСо седум милиони евра помош од втората компонента од Програмата на Европската Унија ќе се санираат штетите и ќе се намалуваат ризиците од поплави во подрачјата што беа најпогодени во минатогодишното невреме.

Целта на новиот проект, кој е имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), е да се реконструира оштетената водостопанска инфраструктура на шест локации во источниот, западниот, југоисточниот и пелагонискиот регион во земјата.

Ќе се обнови регулацијата на речните корита и одводните системи на речните басени на Црна Река и реката Струмица. Исто така, ќе се рехабилитира и ќе се подобри управувањето со четири брани од приоритетно значење, „Мавровица“, „Слатина“, „Дренска Река“ и „Липа“.

Дополнително, проектот ќе обезбеди целосна поддршка на институциите за да се подобри управувањето со новата инфраструктура и да се зголеми нејзината отпорност на поплави во иднина.

Програмата, чија вкупна вредност изнесува 10 милиони евра, ќе се одвива во наредните две и пол години.

Втората компонента е седум милиони евра за спроведување на приоритетни мерки за намалување на ризиците од поплави во најпогодените подрачја, додека, пак, првата компонента од три милиони евра се однесува на реконструкција на оштетените патишта и мостови, и нејзината имплементација е во тек.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik