Заменик-министерот за локална самоуправа, Дејан Павлески, денеска со градоначалниците на општините Могила, Кривогаштани и Новаци разговараше за реализацијата на проектите за развој на Пелагонискиот Плански Регион, за развој на селата и на подрачјата со специфични развојни потреби, финансирани од Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа. Годинава со 35 милиони денари од буџетот на државата се финансиират 16 нови проекти во општините во Пелагонискиот Плански Регион. Тенденција на Владата е средствата за оваа програма секоја година да се зголемуваат и да се реализираат проекти што ќе имаат директно влијание на подобрувањето на условите за живеење, особено во малите и рурални општини, истакна заменик-министерот Павлески.
Заменик-министерот за локална самоуправа, Дејан Павлески, денеска со градоначалниците на општините Могила, Кривогаштани и Новаци разговараше за реализацијата на проектите за развој на Пелагонискиот Плански Регион, за развој на селата и на подрачјата со специфични развојни потреби, финансирани од Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа.
„Годинава со 35 милиони денари од буџетот на државата се финансиират 16 нови проекти во општините во Пелагонискиот Плански Регион. Тенденција на Владата е средствата за оваа програма секоја година да се зголемуваат и да се реализираат проекти што ќе имаат директно влијание на подобрувањето на условите за живеење, особено во малите и рурални општини“, истакна заменик-министерот Павлески.
Со средства од Програмата за рамномерен регионален развој, оваа година за општините Крушево и Демир Хисар се набавени возила за собирање отпад, во Битола, во Прилеп и во Ресен се зајакнати капацитетите на територијалните противпожарни единици, а се работи и на подобрување на социјалните услуги во општина Долнени, село Ропотово, каде што за таа намена целосно се реновираат и опремуваат административни простории.
Заменик-министерот Павлески ја истакна и можноста за користење средства од ИПА-програмата за прекугранична соработка со Грција.
„За проекти за прекугранична соработка со Грција од страна на Европската Унија на располагање се 45,5 милиони евра, а Центарот за развој на Пелагонискиот Плански Регион веќе го реализира проектот за рурално претприемништво во вкупна вредност од 950 000 евра, финансиран од ИПА-програмата на Европската Унија „Балкан Медитеран“, рече Павлески.