"Шишеџам" планира да ја зголеми инвестицијата во Македонија на 160 милиони евра

Bez autora
Apr 14 2011

Турската компанија "Шишеџам" ја разгледува можноста да ја прошири првобитната намера за инвестиција во Македонија од 50 милиони евра на 150 милиони, со изградба на дополнителни две фабрики за производство на рамно и на автомобилско стакло. Компанијата одлуката ќе ја донесе во наредните два месеца. Како што информира известувачот на МИА од Евроазискиот економски форум ова вчера во Истанбул го кажал македонскиот вицепремиер за економски прашања Владимир Пешевски. Имавме средба со "Шишеџам". Процесот на анализи од нивна страна продолжува. Но, она што е важно размислуваат, покрај првобитниот план за изградба на погон за производство на амбалажа и, евентуално, да се прошири производството на рамно стакло, инвестиција од дополнителни 50 милиони евра како и погон за производство на автомобилско стакло. Во игра се инвестиции од 160 милиони евра од "Шишеџам", но одлуката од нивна страна не е донесена за ниту еден од овие погони, но очекуваме, според нивните кажувања да биде во наредните два месеца.

"Шишеџам" планира да ја зголеми инвестицијата во Македонија на 160 милиони евраТурската компанија "Шишеџам" ја разгледува можноста да ја прошири првобитната намера за инвестиција во Македонија од 50 милиони евра на 150 милиони, со изградба на дополнителни две фабрики за производство на рамно и на автомобилско стакло.

Компанијата одлуката ќе ја донесе во наредните два месеца. Како што информира известувачот на МИА од Евроазискиот економски форум ова вчера во Истанбул го кажал македонскиот вицепремиер за економски прашања Владимир Пешевски.

- Имавме средба со "Шишеџам". Процесот на анализи од нивна страна продолжува. Но, она што е важно размислуваат, покрај првобитниот план за изградба на погон за производство на амбалажа и, евентуално, да се прошири производството на рамно стакло, инвестиција од дополнителни 50 милиони евра како и погон за производство на автомобилско стакло. Во игра се инвестиции од 160 милиони евра од "Шишеџам", но одлуката од нивна страна не е донесена за ниту еден од овие погони, но очекуваме, според нивните кажувања да биде во наредните два месеца, изјави Пешевски.

Вицепремиерот Пешевски, заедно со директорот на Агенцијата за странски инвестиции, се дел од македонската делегација којашто учествува на 14. Евроазиски економски форум, што ја предводи претседателот на РМ, Ѓорѓе Иванов.

Пешевски информира дека турската компанија изразила интерес и за охридски ЕМО, но процесот на продажба ќе се одвива во рамки на тендерската постапки и затоа не го обелоденува нејзиното име.

Според него економските трендови се позитивни ако се земе предвид она што веќе е реализирано или е во тек и она што се најавува.

- Турција лани имаше еден од најголемите растови и компаниите веќе размислуваат за излегување вон границите, а Македонија е интересна инвестициска дестинација. Како Влада ќе направиме она што е во наша можност да им помогнеме во тој процес, истакна вицепремиерот Пешевски. Тој потсети за турските инвестиции во Македонија, односно за пуштањето на аеродромот во Охрид, инвестиција од турски ТАВ, како и најавеното завршување на скопскиот аеродром. Дел од турските инвестиции е и изградбата на стокатниците од страна на "Џеваир холдинг", но и скорешното пуштање во употреба на фабрика за лепила во Берово, како и отворената Европската очна болница во Скопје.

Претседателот Иванов повика на заедничко дејствување во надминување на глобалните предизвици. Според него неопходно е здружување како единствен начин за справување со глобалните предизвици, економската криза и потенцијалната светска рецесија, климатските промени, заканите од недостигот на храна и ресурси.

- Да ги оставиме зад себе сите историски несогласувања и да го зајакнеме дијалогот и соработката. Да работиме посветено на зацврстување на врските меѓу нашите земји, истакнувајќи го секој наш поединечен придонес, вложувајќи го она во кое сме најдобри-нагласи Иванов во обраќањето на отворањето на 14. Евроазиски економски форум кој во организација на Мармара фондацијата се одржува во Истанбул.

Претседателот Иванов смета дека само преку зголемена регионална соработка, координирано инвестирање во зелен и одржлив развој ќе се успее да се искорени сиромаштијата, да се намалат ризиците и да се трасира предвидлива и сигурна иднина.

- Република Македонија континуирано работи на подобрување на бизнис-климата и условите за работа, како за домашните така и за странските фирми. Нашата цел е постигнување стабилен економски раст, развој на приватниот сектор, привлекување инвестиции и оворање нови работни места. Мојата цел како претседател е да ги отворам вратите и да создавам услови за зголемена економска соработка - истакна Иванов.

Учесниците на форумот дискутираа за енергетиката, регионална соработка, за нуклеарната енергија како и за идни проекти. Одвоено се одржува и Женски бизнис форум на тема "Сопругите на лидерите како примери и нивното влијание на политиките за жените", каде свое обраќање имаше и сопругата на претседателот на Република Македонија, Маја Иванова.

Македонската делегација планира да оствари повеќе средби со компании заинтересирани за инвестирање во Македонија од текстилната и автомобилската индустрија, и здравството.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik