Системот капка по капка ги удвојува приносите

Bez autora
Oct 26 2015

Наводнување со системот капка по капка ги удвојува приносите на земјоделските површини и го олеснува производството. Намалувањето на ангажманот на човекот и правилното наводнување и ѓубрење на полињата дава одлични резултати, а инвестицијата се исплатува уште првата година. Системите за наводнување се пристапни на нашите земјоделци преку проектот за финансиска поддршка на руралниот развој на Министерството за земјоделство, преку кој на производителите на пченка и фуражни растенија им нуди помош во инвестициите по системот 50/50, односно за суми до 922.000 денари и површини од 2 до 10 хектари се покриваат половина од трошоците. Помошта е поголема ако се работи за млади. Нивата од еден хектар, засадена со пченка, на млекарот Свето Пандиловски, земјоделец од селото Романовце, Кумановско, кој е кооперант на „Бучен Козјак“, годинава дала речиси двојно повеќе род.

Наводнување со системот капка по капка ги удвојува приносите на земјоделските површини и го олеснува производството. Намалувањето на ангажманот на човекот и правилното наводнување и ѓубрење на полињата дава одлични резултати, а инвестицијата се исплатува уште првата година.

Системите за наводнување се пристапни на нашите земјоделци преку проектот за финансиска поддршка на руралниот развој на Министерството за земјоделство, преку кој на производителите на пченка и фуражни растенија им нуди помош во инвестициите по системот 50/50, односно за суми до 922.000 денари и површини од 2 до 10 хектари се покриваат половина од трошоците. Помошта е поголема ако се работи за млади. Нивата од еден хектар, засадена со пченка, на млекарот Свето Пандиловски, земјоделец од селото Романовце, Кумановско, кој е кооперант на „Бучен Козјак“, годинава дала речиси двојно повеќе род. Вообичаените количини од 6 до 8 тони, по инсталирањето на системот капка по капка, се зголемиле на над 12 тони по хектар за области каде што земјоделството е со ограничени можности, или за недостапни рурални заедници.

Тој е дел од проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, кофинансиран од Владата на Швајцарија, преку кој го инсталирал системот. Резултатите го поттикнале самиот да инвестира во систем капка по капка на уште еден хектар земјоделска површина, на која исто така одгледува пченка. Со зголемените приноси ги задоволува потребите за сточна храна за своите 18 грла крупен добиток.

„Резултатот е одличен, приносот речиси двојно зголемен, а секојдневните обврски на нивите се многу намалени. Апелирам сите земјоделци да инвестираат во системот за наводнување, да ги искористат можностите кои ги дава Министерството за земјоделство и проектот на УСАИД“, вели Пандиловски. Тој посочува дека годинешниот рекорден принос од над 12 тони пченка на еден хектар немало да го добие без капка по капка, со оглед на сушната сезона со многу високи температури. Со зголемувањето на сопственото производство на сточна храна се надминува потребата од увоз и на тој начин се намалуваат трошоците.

„Храната е меѓу најважните делови во производството на млеко. Со квалитетна храна се подобрува квалитетот на млекото, се зголемува цената, а со домашното производство се намалуваат трошоците и вложувањата“, објаснува Пандиловски.

По примерот на Пандиловски и неговиот соселанец Ферат Саити започнал свој бизнис, фарма за млеко и производство на пченка. Тој веќе планира да го зголеми неговото производство и наредната година ќе аплицира за кофинансирање на системот капка по капка од програмата 50/50.

Сите 60 производители на пченка од регионот, кои преку проектот на УСАИД, инсталираа и за првпат наводнуваа со системите капка по капка успеаја да ги зголемат нивните приноси за 60 проценти, до максимален принос на зрно од 19 тони на хектар.

Во изминатите три години, преку проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси се финансираше поставувањето на системи капка по капка на 280 хектари со пченка и сончоглед со цел модернизација на нивното производството.

„Земјоделците кои ги користеа системите имаа 50 до 100 проценти повисоки приноси од минатите години. Благодарение на нивните добри резултати, производители на пченка и сончоглед одлучуваат самите да инвестираат во оваа технологија на дополнителни 361 хектар, делумно и преку програмата 50/50 на Министерството за земјоделство“, велат од УСАИД.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik