Сите банки ќе бришат долгови

Bez autora
Aug 13 2014

Сите банки, но и ЕВН и ЕЛЕМ, „Топлификација“, МРТ и нотарите и извршителите ќе отпишуваат долгови на социјално ранливите категории граѓани. Сите доставиле изјави за учество до Министерството за финансии во владиниот проект за еднократно бришење на долговите во банките по основа на неплатени сметки за струја, парно, но и за радиодифузна такса и нотарски и трошоци за извршители. Нема точна пресметка во компаниите и во банките колку долгови имаат граѓаните што спаѓаат во категориите за отпис. Се тврди дека висината на сумата која еднократно ќе биде избришана ќе се знае откако ќе се пријават граѓаните што ќе чекаат простување на неплатеното. Огласот за нив дополнително ќе биде објавен. Анализите се дека мерката ќе има позитивен ефект за повеќе десетици илјади семејства во земјата, можеби и за вкупно 100.000.

Сите банки ќе бришат долговиСите банки, но и ЕВН и ЕЛЕМ, „Топлификација“, МРТ и нотарите и извршителите ќе отпишуваат долгови на социјално ранливите категории граѓани. Сите доставиле изјави за учество до Министерството за финансии во владиниот проект за еднократно бришење на долговите во банките по основа на неплатени сметки за струја, парно, но и за радиодифузна такса и нотарски и трошоци за извршители.

Нема точна пресметка во компаниите и во банките колку долгови имаат граѓаните што спаѓаат во категориите за отпис. Се тврди дека висината на сумата која еднократно ќе биде избришана ќе се знае откако ќе се пријават граѓаните што ќе чекаат простување на неплатеното. Огласот за нив дополнително ќе биде објавен. Анализите се дека мерката ќе има позитивен ефект за повеќе десетици илјади семејства во земјата, можеби и за вкупно 100.000. Нацрт-план за ваква мерка скрои и хрватската влада. Македонија е прва во регионот што го спроведува ова.

- Повикот наиде на голем интерес кај банките и фирмите. Од банките изјава за учество во проектот доставија сите банки и штедилниците „Можности“ и  „Фулм“, соопшти Министерството за финансии.

За отпишаниот долг, доверителите ќе добијат право на даночен кредит во висина од 10 отсто од отпишаниот долг.

Банкарите за „Дневник“ велат дека проектот е добар и дека ќе им биде од корист на граѓаните чии долгови ќе бидат отпишани. Од нивен аспект долговите што сега ќе се простуваат и така се оние што не можат да ги наплатат со години, дури ни со нотари и извршители.

- Kај нас таков вид кредити се во вкупна вредност од 370.000 евра. Дали ќе биде толку отпишано ќе зависи од тоа колку луѓе ќе се пријават, иако сметам дека повеќето ќе ја искористат оваа можност. Генерална оценка е дека поради тоа што голем дел од тие пласмани се ненаплатени мерката нема да биде на штета на банките - вели Ѓорѓи Јанчевски, директор на НЛБ Тутунска банка.

- Согласно со Законот за еднократното отпишување на долговите на граѓаните ќе се отпишуваат долгови настанати заклучно со 31 декември 2013 година, а се неплатени подолго од 12 месеци. Правото на еднократен отпис на долгови може да го искористат корисниците на социјална парична помош или на постојана парична помош, невработените лица што активно бараат работа подолго од 12 месеци и лицата што се изложени на социјален ризик поради смрт, инвалидитет или потешка болест - велат од Министерството за финансии.

Ќе се отпишуваат долгови по основа на потрошена електрична енергија, топлинска енергија, кредитни картички, пречекорувања на трансакциски сметки и потрошувачки кредити, а кои не се обезбедени, како и за радиодифузна такса.

Заедно со главниот долг ќе се отпишат и каматите, како и трошоците за нотари и извршители.

И Хрватска ќе брише долгови

Во меѓувреме хрватската влада почна со првична реализација на мерката најавена во април за отпис на долгови на граѓаните што спаѓаат во социјално ранливите категории. Тамошните банки од завчера се приклучија на првичниот план и се согласија да простат дел од долгот на клиенти од кои со години не успеваат да си наплатат. Според предлогот, ќе има можност за деблокирање на сметките на 152.000 граѓани што должат до 10.000 куни, односно до 1.350 евра.

Според податоците на финансиската агенција ФИНА, на крајот од април во Хрватска имало 316.919 блокирани граѓани со вкупно достасани долгови поголеми од 27,8 милијарди куни или 3,63 милијарди евра. Од тие долгот кон државните институции на Хрватска е 3,2 милијарди куни, а 172,7 милиони куни граѓаните им должат на единиците на локалната самоуправа. Остатокот од 24,5 милијарди куни претставува долг на граѓаните кон други доверители, најмногу кон банките.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik