Ски-центарот „Кожуф“ отиде во стечај

Bez autora
Nov 23 2016

Акционерското друштво Ски-центар „Кожуф“ отиде во стечај. Ова е одлука на Основниот суд во Велес, кој за стечаен управник го именуваше Богољуб Макревски. На тој начин е затворена една од поголемите гринфилд-инвестиции во земјава, вредна 20 милиони евра. Ски-центарот и досега не работеше поради лошата финансиско- материјална состојба и долг од 12,5 милиони евра. Стечајот е отворен по барање на 11 поранешни вработени. Иако нивното барање е доставено на 17 март, рочиштето за отворање стечај се одлагаше во неколку наврати, со цел да се најде решение и излез од кризата. На вчерашното рочиште, претстечајниот управник Макревски на присутните предлагачи им ги образложи ситуациите што може да настанат во случај да се отвори или да не се отвори стечај и какви се нивните можности да си ги намират побарувањата.

Ски-центарот „Кожуф“ отиде во стечајАкционерското друштво Ски-центар „Кожуф“ отиде во стечај. Ова е одлука на Основниот суд во Велес, кој за стечаен управник го именуваше Богољуб Макревски. На тој начин е затворена една од поголемите гринфилд-инвестиции во земјава, вредна 20 милиони евра.

Ски-центарот и досега не работеше поради лошата финансиско- материјална состојба и долг од 12,5 милиони евра. Стечајот е отворен по барање на 11 поранешни вработени. Иако нивното барање е доставено на 17 март, рочиштето за отворање стечај се одлагаше во неколку наврати, со цел да се најде решение и излез од кризата. На вчерашното рочиште, претстечајниот управник Макревски на присутните предлагачи им ги образложи ситуациите што може да настанат во случај да се отвори или да не се отвори стечај и какви се нивните можности да си ги намират побарувањата.

„Друштвото е со блокирана жиро-сметка три години. За минатата година според завршната сметка должи 758 милиони денари. Но, има и обврски кон директните вложувачи. Така што, правно се исполнети условите за отворање стечај. Има инвеститор кој сака да влезе во Друштвото со милион евра и да ја деблокира сметката и така да бидат исплатени парите. Одлуката е на барателите“, изјави Богољуб Макревски, претстечаен управник во Ски центар „Кожуф“ со седиште во Кавадарци.

Откако го сослушаа дел од поранешните вработени решија да побараат отворање на стечај, а стечајната судијка го прифати нивното барање. Залудни беа напорите и укажувањата од извршниот директор на Ски-центарот, Ангел Наков, да ги разубеди од ваквиот чекор.

„Нивните побарувања се околу 40.000 евра или 0,3 отсто од вкупните долгови. Во почетокот, во 2011 година на вработените авансно им дававме пари на рака, со очекување дека кризата ќе помине. Има големи компании на кои им должиме, а кои не бараат друштвото да оди во стечај, оти веруваат дека ќе излеземе од кризата. Имаме две сериозни странски компании кои сакаат да влезат со висок влог. Предлагам да се почека. Треба овие лица да знаат дека целиот имот е под хипотека на Стопанска банка и ако отидеме во стечај, тие нема ништо да добијат. До ваква неликвидна ситуација и Ски-центарот да не работи пет години, дојдовме затоа што толку години не се изгради регионалниот пристапен пат. Започна да се гради 2011, а имаме најава дека ќе профункционира деновиве“, изјави Наков.

Тој потсети дека Центарот работел само три години од отворањето, од 2007 до 2010, а потоа бил празен. Центарот се простира на 1.500 до 1.700 метри надморска височина, веднаш на границата со Грција. Поседува повеќе ски-патеки, најголемата жичарница на Балканот, ресторани, машини за создавање и чистење снег, 700 бунгалови за гости. Планот на инвеститорите беше Кожуф да биде македонски одговор на бугарското зимско одморалиште Банско. Собранието на доверители на кое ќе се разгледуваат побарувањата на доверителите е закажано за средината на јануари следната година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik