СКМ бара укинување на ограничувањето за продажба на алкохол

Bez autora
Jul 10 2017

Стопанската комора на Република Македонија до Министерството за економија ќе поднесе иницијатива за изменување на Законот за трговија, со кој се предлага укинување на обврската за поседување лиценца за продажба на алкохолни пијалаци, како и отстранување на ограничувањето во однос на работното време во кое може да се врши продажба на алкохолни пијалаци, рече Елена Милевска-Штрбевска, оперативен директор на СКМ. Иницијативата произлегува од барањата на компаниите-членки на Здружението на трговијата и Здружението на земјоделството и прехранбената индустрија. Во изминатите девет години од примената на овие ригорозни мерки во трговијата беше нанесена голема финансиска штета на трговците на големо и мало, како и на компаниите и домашната индустрија за производство на алкохол, рече Милевска Штрбевска.

СКМ бара укинување на ограничувањето за продажба на алкохолСтопанската комора на Република Македонија до Министерството за економија ќе поднесе иницијатива за изменување на Законот за трговија, со кој се предлага укинување на обврската за поседување лиценца за продажба на алкохолни пијалаци, како и отстранување на ограничувањето во однос на работното време во кое може да се врши продажба на алкохолни пијалаци, рече Елена Милевска-Штрбевска, оперативен директор на СКМ.

„Иницијативата произлегува од барањата на компаниите-членки на Здружението на трговијата и Здружението на земјоделството и прехранбената индустрија. Во изминатите девет години од примената на овие ригорозни мерки во трговијата беше нанесена голема финансиска штета на трговците на големо и мало, како и на компаниите и домашната индустрија за производство на алкохол“, рече Милевска Штрбевска.

Според СКМ, единствена ефикасна мерка која досега била спроведувана е забраната на продажба и точење алкохол на лица под 18 години. Од Комората рекоа дека оваа мерка нема да биде променета.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik