Славчо Таневски, 23-годишен скопјанец, студент на дизајн во Минхен, од неодамна стана член на реномираната германска компанија „Мерцедес - Бенц“. Средношколецот од гимназијата „Раде Јовчевски-Корчагин“, кој една година студирал на Машинскиот факултет, а студиите ги продолжил во Германија, подготвил дипломска работа, автомобил АИДА од марката „Мерцедес Бенц“. Трудот ги воодушевил првите луѓе од фирмата, по што тие веднаш оствариле контакт со талентираниот Таневски и му понудиле работа на неопределено време. Тоа било вистинска реткост во досегашната практика на „Мерцедес Бенц“, каде што најчесто се нудат работни места за определен период. Таневски и ова негово посебно достигнување беше презентирано на вчерашната прес-конференција на „Мерцедес Бенц Мак ауто стар“, при што младиот Таневски посочи дека ова вработување за него значи голем поттик во натамошното работење и добар почеток на кариерата.
Славчо Таневски, 23-годишен скопјанец, студент на дизајн во Минхен, од неодамна стана член на реномираната германска компанија „Мерцедес - Бенц“.
Средношколецот од гимназијата „Раде Јовчевски-Корчагин“, кој една година студирал на Машинскиот факултет, а студиите ги продолжил во Германија, подготвил дипломска работа, автомобил АИДА од марката „Мерцедес Бенц“. Трудот ги воодушевил првите луѓе од фирмата, по што тие веднаш оствариле контакт со талентираниот Таневски и му понудиле работа на неопределено време. Тоа било вистинска реткост во досегашната практика на „Мерцедес Бенц“, каде што најчесто се нудат работни места за определен период.
Таневски и ова негово посебно достигнување беше презентирано на вчерашната прес-конференција на „Мерцедес Бенц Мак ауто стар“, при што младиот Таневски посочи дека ова вработување за него значи голем поттик во натамошното работење и добар почеток на кариерата.
Инаку, по повод 125-годишниот јубилеј на „Мерцедес“, „Мерцедес - Бенц Мак ауто стар“, преку конкурс реши да го бара најдобриот млад дизајнер во Македонија. Конкурсот започна вчера, а ќе трае до 19 декември годинава, односно 125 дена. Целта е да се изработи дизајн-студија под насловот: „Мерцедес дизајн на иднината“.
Како што истакна Владица Кокаловиќ, директор на маркетинг и односи со јавноста во „Мак ауто стар“, оваа компанија, како една од најстарите во автомобилскиот бизнис во Македонија, досега поддржала голем број проекти од разни области од општествениот живот.
„Така и сега, ’Мерцедес Бенц Мак Ауто Стар“, како социјално одговорна компанија, има намера преку овој конкурс да им овозможи на сите студенти, млади луѓе и невработени, до 30-годишна возраст, да ја искажат својата способност и талент и да креираат дизајн што ќе се базира на досегашниот развој на ’Мерцедес‘ во изминатите 125 години, како и врз основа на денешните вредности на брендот“, посочи Кокаловиќ.
Директорот за патнички возила на оваа македонска компанија, Марко Јовановски, истакна дека „Мерцедес Бенц Мак ауто стар“ е компанија што се грижи за младите, особено за оние со изразен спортски и динамичен дух, но и за повозрасните, чиј престиж и успех постојано се следи преку имиџот и филозофијата најдобрите секогаш го сакаат најдоброто.
„Тоа е главен мотив во изминатите 125 години и токму во духот на нашиот слоган - 125 години иновации сакаме да продолжи успешната приказна и во Македонија, преку конкурсот за најдобар дизајн“, изјави Јовановски.
Инаку, компанијата прв пат го распишува овој конкурс, а планира да стане тоа традиција. За студентите поблиску да се запознаат со целата идеја, ќе има неколку предавања на факултети. Додека условите за учество на конкурсот, како и процедурата за изработка на проектот, можат да се погледнат на веб-порталот www.mercedes-benz.mk или да се добијат директни одговори на адресата : marketing@makautostar.com.mk.
Победникот ќе биде објавен на крајот на јануари следната година и ќе биде награден со патување во седиштето на „Мерцедес Бенц“ во Штутгард.