Скопскиот аеродром е четврти најбрзорастечки во Европа

Bez autora
Aug 13 2014

Извештајот на АЦИ „Европа“ (Европско аеродромско трговско тело)„Александар Велики“, покажува дека аеродромот во Скопје е четврти најбрзорастечки аеродром во Европа во категоријата под 5 милиони патници годишно. Овој документ се однесува на сите цивилни воздухопловни патнички летови, мрежна покриеност, ниска цена, чартер летови и друго. Најбрзорастечки аеродром во оваа категорија е молдавскиот аеродром во Кишињев, со раст на бројот на патници од 32 отсто во првото полугодие од годинава. Втор е белградскиот аеродром „Никола Тесла“, па атинскиот и веднаш по него е скопскиот аеродром со превезени 559.779 патници или раст во првото полугодие од годинава од 18,5 отсто. Според податоците на ТАВ „Аеродроми“ , во јули на скопскиот аеродром биле превезени 132.227 патници, што е раст за 17,6 отсто во однос на истиот месец лани.

Скопскиот аеродром е четврти најбрзорастечки во ЕвропаИзвештајот на АЦИ „Европа“ (Европско аеродромско трговско тело)„Александар Велики“, покажува дека аеродромот во Скопје е четврти најбрзорастечки аеродром во Европа во категоријата под 5 милиони патници годишно.

Овој документ се однесува на сите цивилни воздухопловни патнички летови, мрежна покриеност, ниска цена, чартер летови и друго. Најбрзорастечки аеродром во оваа категорија е молдавскиот аеродром во Кишињев, со раст на бројот на патници од 32 отсто во првото полугодие од годинава. Втор е белградскиот аеродром „Никола Тесла“, па атинскиот и веднаш по него е скопскиот аеродром со превезени 559.779 патници или раст во првото полугодие од годинава од 18,5 отсто.

Според податоците на ТАВ „Аеродроми“ , во јули на скопскиот аеродром биле превезени 132.227 патници, што е раст за 17,6 отсто во однос на истиот месец лани. АЦИ „Европа“ известува дека во првото полугодие од годинава европскиот аеродромски сообраќај пораснал за 5,5 отсто. Кај аеродромите во градовите на земјите-членки на ЕУ растот е 4,5 отсто, а кај другите земји тој е поголем и изнесува 8,7 проценти.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik