Скромно ниво на странски инвестиции

Bez autora
Jan 04 2017

Од јануари до крајот на октомври минатата година во земјава влегле 196,94 милиони евра странски директни инвестиции, СДИ, покажуваат најновите податоци на Народна банка на Македонија, НБРМ. Сумата е помала за 8,3 милиони евра во споредба со истиот период 2015 година. При тоа, само лани во октомври во земјава се слеале 14,5 милиони евра СДИ, што е далеку помалку во споредба со истиот месец во 2015 година кога влегле над 50 милиони евра СДИ. Највисок износ на инвестиции минатата година имало во февруари, 49,9 милиони евра и во август 43,69 милиони евра. Додека во јуни и во септември е негативно салдото на инвестиции од минус 4,62, односно минус 36,13 милиони евра. Во десетте месеци од ланската година најголемите инвестиции дошле од Турција и од Германија, 23,4 милиони евра. По нив е Италија со 12,4 милиони евра, Бугарија со 11,7 милиони евра и Луксембург 11,4 милиони евра.

Скромно ниво на странски инвестицииОд јануари до крајот на октомври минатата година во земјава влегле 196,94 милиони евра странски директни инвестиции, СДИ, покажуваат најновите податоци на Народна банка на Македонија, НБРМ.

Сумата е помала за 8,3 милиони евра во споредба со истиот период 2015 година. При тоа, само лани во октомври во земјава се слеале 14,5 милиони евра СДИ, што е далеку помалку во споредба со истиот месец во 2015 година кога влегле над 50 милиони евра СДИ. Највисок износ на инвестиции минатата година имало во февруари, 49,9 милиони евра и во август 43,69 милиони евра. Додека во јуни и во септември е негативно салдото на инвестиции од минус 4,62, односно минус 36,13 милиони евра.

Во десетте месеци од ланската година најголемите инвестиции дошле од Турција и од Германија, 23,4 милиони евра. По нив е Италија со 12,4 милиони евра, Бугарија со 11,7 милиони евра и Луксембург 11,4 милиони евра.

Вкупниот износ на странските директни инвестиции во десетте месеци од 2016 година е помал од најавите за инвестицискиот бум што во повеќе наврати го спомнуваше Владата во текот на минатата година, особено во предизборието, кога се посочуваше влез на најмалку 10-ина странски компании. Всушност, во сите предизборни програми се најавуваат годишно меѓу 200 и 400 милиони евра инвестиции, или од 3 до 5 отсто од БДП.

Инаку, досега убедливо најдобрата инвестициска година беше 2007 кога во земјава влегле 506 милиони евра и 2008, кога биле инвестирани приближно 400 милиони евра. Додека, најмалку странски директни инвестиции се слеале во 2005, само 77,21 милиони евра, потоа во 2009, 144 милиони евра и во 2012 кога влегле 111,22 милиони евра.

Странските инвеститори во индустриските зони во земјава, според Законот за слободни зони, ослободени се од плаќање на данок на добивка, на персонален данок на доход за платите на вработените, од ДДВ при увоз на репроматеријали, имаат царински олеснувања и ослободувања, не плаќаат надомест за уредување на градежното земјиште кое е земено под долготраен закуп, државата им дава максимум 500 илјади евра за изградба на објект, немаат обврска да поднесат гаранција за царински долг, од државната каса се плаќа дел од платите на вработените и им дава помош за трошоците за обука и усовршување на вработените.

Студијата на Институтот за општествени и хуманистички науки: „Политики за привлекување на СДИ во Македонија 2007-2015 година“, покажува дека од 2007 до 2015 се потрошени 59 милиони евра од буџетот како државна помош за инвеститорите, додека компаниите што работат во 15 економски зони исплатиле за плати 92,1 милион евра. При тоа, просечната плата во странските компании во зоните била 261 евро, што е помалку од државниот просек кој е околу 360 евра. Платата била највисока во „Џонсон Мети“, во просек 517 евра, а потоа во „Ки сејфти системс“, „Ендава“, „Маркарт“ и „Кемет електроникс“ , каде што просекот изнесувал 450 евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik