Следната година ќе се отвори технолошки парк во Скопје

Bez autora
Sep 27 2017

Државата ќе инвестира во нов технолошки парк во Скопје кој ќе биде дом на еден ИКТ акцелератор за нови ИКТ компании и место каде постоечката индустрија ќе го најде својот интерес и го насочи развојот на нови решенија. Ова го најави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на Конференција за иновативни ИКТ решенија и трендови. Тој истакна дека се очекува технолошкиот парк да биде отворен во текот на следната година. Основниот чекор треба да го направи државата, да мотивира што поголем број луѓе да ја бараат својата егзистенција во ИТ индустријата. Оваа индустрија е еден од клучните механизми за да ги мотивираме младите луѓе да останат во Македонија, да студираат тука, да дојдат лесно до вработување и да имаат повисок животен стандарт. Во наредниот период ќе се обидеме да направиме координирана стратегија како да го постигнеме тоа, рече министерот на отворањето на Конференцијата.

Следната година ќе се отвори технолошки парк во СкопјеДржавата ќе инвестира во нов технолошки парк во Скопје кој ќе биде дом на еден ИКТ акцелератор за нови ИКТ компании и место каде постоечката индустрија ќе го најде својот интерес и го насочи развојот на нови решенија.

Ова го најави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на Конференција за иновативни ИКТ решенија и трендови.

Тој истакна дека се очекува технолошкиот парк да биде отворен во текот на следната година.

– Основниот чекор треба да го направи државата, да мотивира што поголем број луѓе да ја бараат својата егзистенција во ИТ индустријата. Оваа индустрија е еден од клучните механизми за да ги мотивираме младите луѓе да останат во Македонија, да студираат тука, да дојдат лесно до вработување и да имаат повисок животен стандарт. Во наредниот период ќе се обидеме да направиме координирана стратегија како да го постигнеме тоа, рече министерот на отворањето на Конференцијата.

Конференцијата e во рамки на МАСИТ ИКТ деновите, а на неа се дискутира на повеќе актуелни теми и прашања од областа на ИКТ иновациите во функција на подобар бизнис, живот и развој.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik