Слободна финансиска зона ќе ја стави Македонија на меѓународната мапа

Bez autora
Jul 20 2014

Македонија ќе се најде на меѓународната финансиска мапа, ќе има зголемен прилив на даноци во буџетот, но и нови работи места. Според експертите, ова се само дел од придобивките од одлуката на Владата за формирање на слободна финансиска зона, пренесува Лидер. Вакви зони има во многу држави и функционираат успешно. Слободните финансиски зони не се нешто ново или нешто непознато. Тие функционираат во голем број земји, како Германија, Америка, Швајцарија, Данска, Луксембург, Италија и даваат солидни резултати во поглед на привлекување на странски капитал и реализирање на нивни трансакции на коишто се плаќа повластена даночна стапка и има позитивно влијание врз националните буџети.

Слободна финансиска зона ќе ја стави Македонија на меѓународната мапаМакедонија ќе се најде на меѓународната финансиска мапа, ќе има зголемен прилив на даноци во буџетот, но и нови работи места. Според експертите, ова се само дел од придобивките од одлуката на Владата за формирање на слободна финансиска зона, пренесува Лидер. Вакви зони има во многу држави и функционираат успешно.

- Слободните финансиски зони не се нешто ново или нешто непознато. Тие функционираат во голем број земји, како Германија, Америка, Швајцарија, Данска, Луксембург, Италија и даваат солидни резултати во поглед на привлекување на странски капитал и реализирање на нивни трансакции на коишто се плаќа повластена даночна стапка и има позитивно влијание врз националните буџети. Во претстојниот период треба да се направи добра и стабилна правна рамка, да ја задржиме колку што можеме повеќе политичката стабилност, како еден од факторите за заживување на финансиските слободни зони, да ја развиеме потребната инфраструктура во тие зони и да ја засилуваме стопанската конјунктура - вели универзитетскиот професор Томе Неновски. Според него, со слободните финансиски зони Македонија го проширува своето членство во меѓународната карта на финансиски организации, воопшто на меѓународната финансиска карта.

- Привлекувањето на странски и домашни инвестиции ќе биде засилено, а многу е важно зголемувањето на приливот на даноци во Централниот Буџет. Тоа се економските ефекти. Имаме и социјални ефекти кои во моментов може да ги оцениме како најважни од аспект на отворањето на слободни финансиски зони, а тоа е зголемување на вработеноста во тие зони. Ќе се отворат можности за вработување на сметководители, на правници, економисти, адвокати, а ќе има доста работа и за финансиски менаџери. Ќе имаме позитивно влијание врз образовната структура, техничко-технолошки придобивки во поглед на воведувањето нова технологија, - вели Неновски.

И премиерот Груевски пред два дена изјави дека регулативата од најдобрите економии целосно ќе се примени и кај нас и затоа не треба да се стравува од некакви негативни страни.

- На простор од 10 до 20 хектари да се формира финансиска меѓународна зона во која ќе се пресликаат законите од една од државите, како што се САД, Англија или Германија во делот на финансиите. Интенцијата е позитивна, бидејќи кога станува збор за пресликување закони од Германија, САД или Англија, не може да стане збор за што било што е поврзано со негативни работи како што имаше некои сомневања и стравувања. Тоа дополнително треба да го зголеми кредибилитетот на финансиската зона, бидејќи целосно ќе се преслика регулативата од овие најдобри економии, кои се најпривлечни за инвеститорите и ќе се дадат дополнителни поволности во делот на даноци и слично, за компаниите кои ќе одлучат тука да ги пренесат нивните седишта - рече Груевски.

По усвојувањето на уставните измени ќе се изработи закон во кој во детали ќе се опишат сите планирани работи во меѓународната финансиска зона во Македонија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik